Владата ќе отвара продавници за вино


Ќе се отвараат специјализирани продавници за вино во туристичките места. Планирани се меѓу 15 и 20 продавници, а парите ќе ги даде Владата.

 

Продавници за македонско вино ќе има во центарот на Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Скопје, Битола, Маврово, Попова Шапка, Кожуф, Гевгелија.

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, идејата е во овие продавници да се продаваат македонски вина и други пијалаци произведени од грозје кои го поддржуваат проектот.

,, Владата одлучи да кофинансира дел од месечната закупнина на просторот, дел од средствата за внатрешно опремување како и дел од платите на вработените,, изјави Ѓорѓиев.

Огласот за идејно решение како да изгледаат внатре и надвор овие продавници ќе се распише на 1 август. Мора да имаат препознатлив етно стил и функционалност на просторот за презентација и продажба на флаширано вино.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1