Селото Кривени, кое се наоѓа веднаш до Ресен, цел месец е без вода за пиење.
Исклучена им е струјата за пумпата која носи вода до селото. Имало неплатен долг повеќе од милион денари, иако било обврска на месната заедница, сметките не се плаќани 10 години.
Иако тоа е единствената пумпа која ова село го снабдува со вода – долгот си е долг и ЕВН без збор им ја исклучиле струјата, се жалат жителите кои сега пијат вода од локалните бунари која ниту е испитана, ниту се знае дали е воопшто за пиење.
Во селото има 20 сетина жители и тоа повеќето се стари и болни луѓе.
Градоначалникот на Ресен знае за проблемот, вели се влече од 2003 година. Првично струјата требало да ја плаќа месната заедница на селото. Но сметките останале неплатени.
Сега надлежните рпеговараат, договараат, да се плати на рати, а дотогаш жителите мака мачат на високите температури, без вода.
фото – канал 5