500 евра била сумата за која прилепчани можеле да добијат патна исправа. Вработена во управните служби на СВР Прилеп е приведена под сомневање дека земала мито за изработка на патни исправи и лични карти преку ред.
Он полицијата се уште не излегуваат со официјални информации за случајот. Неофицијално службеничката е приведена поради поткуп.
Во текот на денешниот ден се очекуваат детали за случајот.