Врховниот суд во Mосква ја потврди забраната за геј парада во руската престолнина која ќе важи во наредните 100 години, која пред повеќе од два месеци ја донесоа градските власти.
Градските власти во Москва кои оваа одлука ја донесоа на почетокот на Јуни тврдат дека геј парадата може да предизвика нереди и дека големиот број на граѓани кои престојуваат во престолнината се против нејзино организирање.Најпознатиот руски активист за правата на хомосексуалците николај Алексејев во судот се обидел да ја оспори оваа одлука со која е одбиена молбата на ЛБГТ активистите во која барале дозвола за одржување на геј парада во наредните сто години но, пресудата е донесена во корист на градските власти, пишува BBC.
Алексејев исто така е против забраната во Санкт Петербург да се шири „хомосексуална пропаганда“, а денеска препорачал дека повторно ќе барал од европскиот суд за човекови права во Стразбур забраната која ја воведува Москва на изминатите, сегашните и идните геј паради да се прогласи за неправедна.
Руските медиуми денес известуваат дека Советот на Европа во септември ќе и испрати одговор на Русија на претходната одлука на Европскиот суд во врска со прашањето за правата на геј популацијата.
Судот во Стразбур во октомври 2010 година пресудил дека Русија го дискриминиала Алексејев врз основа на неговата сексуална ориентација и наложила да му плати отштета од 30 илјади евра.