Цариниците откриле 28.357 апарати и производи за козметичката дејност (депилатори, стерилизатор, машина за топење восок, фенови, тоалетни води, гелови, шампони, сапуни, жилети, четки за коса, четки за бричење, стапчиња за крварење.
При редовна контрола, царинските службеници откриле два обиди за влез на непријавена стока на територијата на Република Македонија преку граничниот премин Богородица.
Непријавената стока, со вредност од околу 90 илјади денари, била пронајдена во неколку кеси и патни торби, и била сместена помеѓу седиштата и во просторот за багаж на возилото.
Од царинската управа информираат дека стоката е привремено задржана, а против прекршителите е покрената соодветна постапка.