Archive | Македонија RSS feed for this section

Ванковска: Срамота! Ова е договор за добрососедство, а не државна тајна!

Толку од транспарентноста, демократичноста и потпирањето на граѓаните… Срамота!!! Ова е договор за добрососедство, а не државна тајна! Како ќе градиме добрососедство со византиски игри?, напиша на својот ФБ профил универзитетската професорка Билјана Ванковска.

______________________________________________________________________________________________________

Невообичаени температури за јули: Еве какво време не очекува до крајот на неделата

Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните температури ќе достигнат до 22 односно до 31 степен. Во среда и четврток сончево и потопло време и ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури но утрата и ноќите ќе бидат свежи. Во среда утринските температури од 8 до 17 додека пак дневните од 24 […]

______________________________________________________________________________________________________

По невремето на Халкидики: Едно македонско семејство се обратило до конзулатот во Солун

Досега само едно семејство од Македонија кое било на летување во Торони, на вториот крак Ситонија на Халкидики се обратило до Конзулатот во Солун по невремето проследено со дожд. Македонското Министерство за надворешни работи информира дека членовите на ова семејство не се наоѓаат во опасна и загрозувачка состојба. Од МНР исто така соопштија дека нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Пад на температурите за дваесетина степени, еве што не чека деновиве

Променливо облачно и свежо време ќе преовладува во Македонија. Претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната од 19 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 6. Во Скопје ќе биде променливо […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец се нуди бесплатно да ја изгради подвода потонатата црквата во Маврово

Познат македонски “абдихтунг” експерт од Швајцарија, нуди бесплатно монденско решение за санирање на црквата во мавровското езеро. Еве што напиша на Фејсбук Се сметам за еден од нај способните во Швајцарија за Абдихтунг,Дихтување на објекти кој се под вода. Стојам на располагање 24/7 на било која влада без разлика на политичките бои! Ова се однесува […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВАКУИРАНИ И МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ – Поплави ја однесоа и плажата во Грција (Фото)

Големо невреме во туристичкото место Торини на вториот крак во Грција. Обилни дождови и поплави. Водата носела се пред себе. Оштетени се многу автомобили на туристите. А туристи кои биле сместени на првите спратови во објектите биле евакуирани. Во ова место има и многу македонски туристи кои ги испратија овие фотографии до Мкњуз на кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција на полицијата – Стоп за дивите трки на моторџиите низ скопските улици

СВР Скопје започна со реализација на посебниот план за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на главниот град, преку засилени и интензивни сообраќајни контроли, со посебен фокус кон помладите категории возачи, како и возачите на моторцикли. Како што нагласи Билјана Милевска, начaлник на Одделението за превенција при СВР Скопје, на вчерашната промоција на новите […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче од Тетово се удави во Јонско Море кај Валона

Двесет и четиригодишно момче од Тетово попладнево се удавило во водите на Јонско Море, во албанскиот приморски град Валона, при неуспешен обид да спаси две девојки од давење. Трагичниот настан се случил на познатата плажа Зврнец, во близина на заливот Портанова, во 14:30 часот. Според медумите, кои се повикуваат на полицијата момчето од Тетово било […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР за попладне најави големо невреме

Моментално хидролошката состојба во Македонија е стабилна со водостои на реките кои се доста ниски и под просечните вредности за овој период од годината. Од тој аспект поголемите водотеци и нивните речни сливови имаат доволно голем капацитет да ги примат најавуваните врнежи и засега се безбедни во поглед на нивно излевање или локално поплавување, соопштија […]

______________________________________________________________________________________________________

Проверете каде ќе удри, УХМР за попладне најавува силно невреме

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од […]

______________________________________________________________________________________________________

Нова серија земјотреси предизвика страв и паника во охридско-преспанскиот регион

Нешто пред полноќ, беше регистрират третиот земјотрес од серијата земјотреси кои вчера го тресеа охридско-преспанскиот регион.Точно во 23:39 часот синоќа имаше земјотрес со епицентар на 5 километри од селото Јанкоец и на 7 километри од Ресен со јачина од 3.1 степени по Рихтер. Првиот од 3.2 степени по рихтеровата скала се случи во 18:58 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Три нови дестинации од скопскиот аеродром – Малта, Рим и Ваксјо

Малта, Рим и Ваксјо, Швајцарија се трите нови дестинации кон кои ќе се воспостави директна авионска линија од скопскиот аеродром. ТАВ Македонија и авиокомпанијата „Виз ер“ денеска ќе го означи отпочнувањето со летовите на овие три нови авиолинии. „Виз ер“ го почна првиот лет од Македонија во јуни 2011 година и нуди 29 линии до […]

______________________________________________________________________________________________________

Викендов УХМР најавува нови временски неприлики

Нестабилно со пороен дожд и грмежи, според најавите на УХМР, ќе биде и утре попладне претежно на југот и истокот од земјава. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни […]

______________________________________________________________________________________________________

Платете си ги сметките – УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена смета за радиодифузна такса до 30 јуни годинава, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи ќе почнат постапки за присилна наплата, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).ujp – Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат […]

______________________________________________________________________________________________________

Укинат притворот за новинарот Зоран Божиновски

Кривичниот суд во Скопје денеска го укина притворот за новинарот Зоран Божиновски, информираат во денешното соопштение од Судот.– Постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и […]

______________________________________________________________________________________________________

Утврдени прекршоци во Агенцијата што измами студенти за посредување при вработување

Инспектори од Државниот инспекторат за труд, кои од вчера на терен го истражуваат пријавениот случај за измамени студенти од Агенцијата за посредување при вработување во земјата и во странство со наплата „Венера“ Битола, утврдиле одредени прекршоци. Јавноста ќе биде известена во понеделник за сите детали, откако ќе биде комплетиран извештајот од инспекцискиот надзор, соопшти денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје наредната недела ќе добие нова вртелешка

При крај е монтажата на вториот рингишпил во центарот на Скопје поточно на плоштадот „Пресвета Богородица“, информираше денеска директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душко Авировиќ под чија надлежност е ДООЕЛ „Луна“ со кој стопанисува Јавното претпријатие. – Вториот карусел се поставува на левиот брег на реката Вардар. Ова ќе биде привремено решение бидејќи во […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка почина од топлото време- излегла од климатизирана просторија и ѝ се слошило

Жена на возраст од 47 години почина во Скопје како последица од топлото време и високите температури. Од Скопската Брза помош информираат дека жената заедно со своја колешка, од климатизирана просторија излегла да повика такси, па додека чекала неочекувано и се слошило, по што починала на лице место. Според зборовите на дежурниот лекар, состојбата на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1