Archive | Македонија RSS feed for this section

Од понеделник дожд и снег

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен, соопшти УХМР. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пристигнува снег и дожд во Македонија

Сончево и топло време со температура до 27 степени ќе се задржи и утре, а од понеделник ќе има заладување, облачно време со дожд и снег, најавува УХМР. Во понеделник попладне на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ноќта кон вторник ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови […]

______________________________________________________________________________________________________

Нова црковна давачка: Слика од венчавка во црква 1.500 денари, а пред црква 500 денари

Црквите во Повардарската епархија од пред неколку месеци наплатуваат за фотографирање. Сликањето и снимањето на пред црква се наплаќа 500 денари, а внатре во верските објекти 1.500 денари. Одлуката која ја донел владиката Агатангел веќе се спроведува во Велес. Фото студија од овој крај ја потврдуваат информација за МКД. Тие дури наведуваат дека имеле неуспешна […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Коалицираме со ВМРО НП во вториот круг од локалните избори

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска во Штип соопшти дека во вториот клуг на локалните избори на Коалицијата на СДСМ и се приклучува и ВМРО НП. – Она што дополнително е новина во вториот дел на изборите ние сме заедно посилни со ВМРО Народна партија, заедно со нас е Никола Тасев, членот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Се шири заразата со морбили, заразена и лаборантка од ИЈЗ која примила вакцина

Здравствен работник заболел од морбили. Минатата недела мали сипаници биле регистрирани кај лаборант од Институтот за јавно здравје. Според информации на Сител, најверојатно се заразил додека правел крвни анализи. Поминал со полесни сипмтоми бидејќи имал примено една доза од вакцината МРП. Како што дознаваме контрола имало на сите контакти со медицинското лице како и на […]

______________________________________________________________________________________________________

17,8% од вработените во Македонија земаат плата во плико

Половина плата на сметка, половина на рака. Речиси 20 отсто од работниците во земјава земаат плата во коверт. Најчето, тоа се оние кои работат за минималец. Според истражувањата на Фајнсенс Тинк, над 60 % од нив, сумата која ја добиваат во плик им е идентична со онаа што ја добиваат на сметка. Мајсторите, текстилците, менаџерите, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугари го купија Фени, 850-те вработени остануваат на работа

Бугарската компанија „Енекод“ денеска ќе потпише договор за преземање на фабриката „Фени“, сите 850 вработени остануваат на работа. На вработените ќе им биде исплатена септемвриската плата, чија исплата веќе доцни. Бугарите најавиле дека и производството ќе продолжи во најкус можен рок. Утрово средба со раководството на фабриката имале претставниците од Бугарија, на која присуствувал и […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбиени сите приговори за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од Локалните избори што се одржаа во неделата.d Портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска за МИА изјави дека седницата завршила утрово и оти се одбиени сите приговори. До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР потврди дека во Словачка се приведени осуммина македонски државјани

Министерството за надворешни работи потврди дека во Словачка се приведени осумина македонски државјани, кои работеле во земјата со лажни договори за работа. Портпаролката на МНР Елена Пресилска изјави за МИА дека Амбасадата во Виена, која е задолжена за Словачка, остварила контакт со надлежните во словачкото МНР и словачките миграциски служби, при што е утврдено дека […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР чека известување од Грција за да започне постапката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Министерството за внатрешни работи чека и официјално да биде известено од грчките власти, за да започне постапката за екстрадиција на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои синоќа биле уапсени во Солун. По добивањето на опицијалното известување, од МВР најавуваат дека ќе ја информираат јавноста околу чекорите кои ќе бидат преземени за нивно испорачување […]

______________________________________________________________________________________________________

Остра дискусија во ДИК, се отфрлаат приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Остра дискусија трае помеѓу членовите на ДИК на јавната седница на која се расправа по приговорите за изборни нерегуларности поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Досега се разгледани три приговори, а четвртиот е во процедура. Првиот е за две избирачки места во Прилеп, за несовпаѓање на записниците, кој е е отфрлен, како и еден за Ѓорче Петров за […]

______________________________________________________________________________________________________

Четворицата обвинети за грабежот во „НЛБ банка” признаа вина, но не открија каде се парите

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во „НЛБ банка” четворицата обвинети признаа вина за кривичните дела што им се ставаа на товар. Скопското обвинителство соопшти дека четворицата се изјаснија за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Во прекин сообраќајот на границата со Грција поради штрајк на грчките цариници

Поради штрајк на грчките царински служби,  ќе биде во прекин сообраќајот за секаков вид преминување на државната граница меѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци. Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред: ГП Богородица од 6 часот утре до 6 часот на 20.10.2017, ГП Меџитлија од 6.30 часот утре до 6.30 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени бегалците од СЈО, Горан Грујовски и Никола Бошковски

Доцна вечерва се уапсени ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски, по кои полицијата трагаше повеќе од два и пол месеци со меѓународна потерница. Според неофицијални информации тие биле уапсени во Солун. „Макфакс“ го контактираше МВР, но оттаму нема информации. Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку […]

______________________________________________________________________________________________________

23 Октомври неработен за сите граѓани

Денот на Македонската револуционерна борба 23 Октомври, понеделник, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на Македонската револуционерна борба.

______________________________________________________________________________________________________

Објавени имињата на новите советници во Град Скопје

Државната изборна комисија ги објави имињата на новоизбраните советници на Град Скопје. СДСМ и коалицијата во првиот круг на локалните избори што се одржаа во неделата, 15 октомври, освоија 21 советник, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 17. ДУИ обезбеди три советнички места, Беса- двајца, Алијанса за Албанците и Левица освоија по едно советничко место. ДИК освен […]

______________________________________________________________________________________________________

Определен притвор за четворица од приведените за нападот врз Зијадин Села

Судот им определи притвор од 30 дена на четворица обвинети за нападот врз Зијадин Села на 27 април. „По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид […]

______________________________________________________________________________________________________

„Сопот“: СЈО како доказ го достави разговорот меѓу Мијалков и Јанкулоска

Це-де со снимен телефонски разговор меѓу поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, му предаде специјалното јавно обвинителство на судот како доказ во постапката за предметот „Сопот“. Доставен е и аудио разговор од МВР со сведокот Рамадан Бајрами. Ова се дел од дополнителните докази кои СЈО му ги […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1