17/10/2017 19:36
•
Posted by: MK News
Јавното обвинителство денеска извести дека за постапката што се води во Основното јавно обвинителство во Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:33
•
Posted by: MK News
Од почетокот на наредната недела се очекува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање. Минималната температура во понеделник ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 15 до 23 степени. До недела времето ќе се задржи стабилно суво и топло со позитивни утрински температури Максималните температури […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:26
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува за предвремени парламентарни избори бидејќи приоритет во моментов е завршување на локалните избори кои се во тек, а нивниот досегашен резултат, вели, го охрабрува да се фокусира на носење сериозни одлуки, меѓу кои и за прашањето за името на транспарентен и инклузивен начин. – Не размислувам за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:40
•
Posted by: MK News
Петре Шилегов од СДСМ е новиот градоначалник на Град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места кои Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.119 гласови односно 50,32 проценти и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:30
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција во изборниот штаб во Центар им честиташе на сите граѓани на Скопје и рече дека резултатот е јасен: СДСМ го доби Скопје уште во првиот круг. „Се раѓа ново Скопје“, изјави Шилегов и додаде дека новата администрација ќе биде сервис на граѓаните. „На изборите […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 14:12
•
Posted by: MK News
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од вечер на полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 14:10
•
Posted by: MK News
СДСМ во првиот круг освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците ќе се натпреваруваат во пет, ДУИ и БЕСА во седум, во една општина кандидат на група избирачи […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 13:27
•
Posted by: MK News
На изборите ДИК во првиот круг досега утврди вкупно 44.481 неважечки гласачки ливчиња. Бројот на неважечки ливчиња е поголем за нешто над 6000 од оној за изборите за градоначалник во 2013, кој по двата круга беше 38.787. Бројот на неважечки ливчиња на парламентарните избори во 2014 година бил 23.428, но, тогаш се уважувале и ливчиња […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 13:25
•
Posted by: MK News
Хелсиншкиот комитет во својот последне извештај укажува дека е зголемен бројот на инциденти мотивирани од нетолеранција или предрасуди кон припадници на одредена група во општеството. Зголемување на бројот на ваквите инциденти особено е забележливо пред и за време на изборните циклуси. „Пораст на ваквите инциденти беше регистриран пред и за време на предвремените парламентарни избори […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 13:22
•
Posted by: MK News
Автомобилот на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ бил запален и целосно уништен во скопско Лисиче. -Е ова се вика живот во Македонија, вака ли ќе имаме слобода. Запалена ми е колата од страна на СДСМ активист, пишува сопственикот на возилото на социјалната мрежа Фејсбук. Посочува и дека ваквите напади нема да го исплашат.
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 13:21
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од „Алијанса за Албанците“, Арбен Таравари, губи од неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта. Според првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, од 100 отсто обработени гласови, Таравари освоил 11.600 гласови или 34,10 отсто, а Бејта освои 12.095 гласови или 35,55 отсто. Со оглед на тоа што […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 13:16
•
Posted by: MK News
Четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 ќе има втор круг на 29 октомври. Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 12:33
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов има освоено 50,07 проценти од гласовите на вчерашните локални избори, наспроти неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Коце Трајановски кој има освоено 35,99 отсто. Врз основа на обработени 91,39 проценти од гласовите, за Шилегов гласале 126.642, а за Трајановски 91.032 граѓани на Скопје. Победа со […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 00:59
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во своето обраќање пред Владата изјави дека граѓаните дочекале слобода. Рече дека е горд човек затоа што живее во време кога Македонија демонстрираше слободна волја. Ерата на локални шерифи заврши, рече Заев. „Народот ја испрати пораката. Даде поддршка на новите политки, на едно општество за сите. Пoбедивме во првиот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 00:02
•
Posted by: MK News
Петре Шилегов вечерва изјави дека зборот е збор и дека Скопје не е вмровски град. „Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните. Останатите општини ширум земјата од вечерва ги враќаме на граѓаните на Република Македонија. Скопје повторно се раѓа. Ова е голема победа за Скопје“ – рече Шилегов. Тој рече дека граѓаните покажаа дека не […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 00:00
•
Posted by: MK News
Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера и беа креирани нефер услови во кои што се одвиваше изборната кампања. Во предизборието имаше физички пресметки, убиства, закани, притисоци. Од официјални државни органи имаше закани врз нашите кандидати за градоначаланици. Се креираше атмосфера на страв и заплашувања со кое се трудеа да влијаат на луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:57
•
Posted by: MK News
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека животот во Каропш почнал со насилие и дека братот на Есад Рахиќ дошол со нож за физички да се пресмета во партискиот штаб. Тој нагласи дека нема да дозволи новата власт да спроведува насилие и дека не им се плаши. -Заев ти си криминалец и со криминалци се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:55
•
Posted by: MK News
Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва упати порака до лидерот на партијата Никола Груевски да поднесе оставка и да овозможи демократски процес во партијата и одржување демократски конгрес на кој членовите слободно ќе го изберат својот нов лидер. Александар Михајловски од рефармоторското крило на ВМРО-ДПМНЕ упати и порака до СДСМ да се воздржи и […]
______________________________________________________________________________________________________