15 год девојче во кома – поради тампон добила токсичен шок


 

Петнаесетгодишната Paige Roffey од Есекс била хоспитализирана во тешка состојба поради токсичен шок кои настанал како последица на бактериско труење. Откриено било дека иако девојчето користело тампон само 4 чaса тоа довело до бактериско труење.

Се чуствувала слаба и изнемоштена, родителите ја одвеле на лекар, но Лекарите сметале дека се работи за вирус и дале лекови и ја пуштиле дома. Само неколку часа подоцна Пејџ се онесвестила под тушот, па итно била префрлена во болница.

Девојката била во критична состојба и два дена во кома, дури по 10 дена лекарите успеале да ја повратат.

На мајката не и давале премногу надеж и ја предупредиле дека ако ќерката преживее можно е да има трајни последици и оштетувања на мозокот.

Мајка и Сара (39) раскажува како лекарите морале да ја држат во кома за да и го спасат животот.

Откако девојчето се опоравило семејството покренало кампања за свесност од ризиците од користење тампони.

Портпаролот на Proctor and Gamble, кои се производители на тампоните Tampax, кои ги користело девојчето изјавиле

,, драго ни е што девојчето е добро, ние го разгледвуаме случајот но неможам да коментирам бидејќи истргата сеуште трае,,

Ова е многу ретко, но сепак се случува, затоа мора девојките да се свесни за ризикот – изјавила мајката на Пејџ.

ШТО Е ТОКСИЧЕН ШОК ?

Синдромот токсичен шок е редок, но доаѓа по опасна бактериска инфекција. Се јавува кога бактериите што нормално живеат во кожата влегуваат во крвотокот и испуштаат токсини. Клучен симптом е ненадеен пад на крвниот притисок, потоа болка во мускулите и дијареа.

Предизвикувачи се изгореници и каснувања од инсекти, но во ретки случаи може да биде и предолга употреба на тампони со висока апсорпција.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1