Грабеж на Филолошкиот факултет – зголемени цените


Студенти од Филолошкиот факултет реагираат. Факултетот донел нови правила за студирање, за кои студентите обвинуваат дека ќе им ја зголеми цената на студирањето.
Тие денеска организираат собир пред факултетот на кои ќе утврдат како ќе делуваат против оваа нова одлука.
Информацијата ја пренесе Факултети.мк ви ја пренесуваме во целост.
Во целост ви го пренесуваме повикот од „Слободен индекс“ за средба на сите студенти кои сакаат да се организираат и да реагираат против овие промени.

Колеги, другари, студенти,

во ЧЕТВРТОК (13.09) во 14 часот се собираме пред споменикот на Кирил и Методиј во дворот на УКИМ за да се организираме во однос на последните промени на Филолошки факултет, кои многу веројатно ќе почнат да се применуваат наскоро и на другите факултети.

Од овој семестар студентите на Филолошки повеќе нема да плаќаат по стандардната тарифа (200/400e), туку ќе си плаќаат според бројот на кредити и бројот на предмети што ги слушаат, при што цената на еден кредит варира од 205 до 515 денара, зависно од тоа дали испитот се запишува прв, втор или трет итн пат. Презапишувањето на предмет ќе Бара и дополнителни трошоци, од 600 до 1200 денара по предмет. Со оваа промена нашите колеги на ФЛФ ќе студираат по – во најмала рака – дупли цени од оние на другите факултети.

Ова е еден од начините факултетот полека да се приватизира, односно да стане зависен комплетно од давачките на студентите, а да се „ослободи“ од финансиите на државата, што за студентите нормално значи ништо друго туку ПОСКАПО ОБРАЗОВАНИЕ.

Без разлика дали ова ве тангира во моментов, поддржете ги колегите од ФЛФ зошто ако сега не се реагира, утре многу лесно ќе го применат ова и на сите останати факултети, и тоа исто вака нечујно и зад затворени врати, 5 дена пред упис!

На нашите родители се повеќе им се стеснува буџетот, не смееме да дозволиме ваков грабеж!“

Деталното упатство за пресметување на школарината е достапно на веб страницата на факултетот.

извор Факултети.мк
Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1