70 милиони луѓе не сакаат секс


Експертите тврдат дека еден отсто од луѓето на планетата не чуствуваат никаква сексуална привлечност.

Светските научници навестуваат дека прекумерната сексуализација на нашата култура, го „исклучила“ кај луѓето сексуалното чувство во толкава мера, што милиони не чувствуваат никаква физичка привлечност. Професорот Богарт, вонреден професор на универзитетот Брок во Канада, верува дека на асексуалците не им е даден доволен простор и дека затоа може да се почуствуваат исклучени од нашата „сексуализована култура“.

Други експерти сметаат дека одреден број на асексуални луѓе постоеле одсекогаш, но дека тие од сега почнуваат да се „откриваат“, затоа што друштвото станува се полиберално.

„Постојат два облици на асексуализам: луѓе кои чувствуваат некое ниво на сексуален нагон, но не го усмеруваат како другите (туку маструбираат), и оние кои не го чуствуваат тој нагон воопшто“, вели професорот Богарт.
Тој во 2004 година, анализираше истражување на тема сексуалната привлечност од 1994 година во кое учествувале повеќе од 18,000 Британци. Еден процент изјавил „Ниокогаш не сум почуствувал сексуална привлечност кон никого“. Во својата книга професорот ја анализираше асексуалноста и вели дека сега се поголем број на луѓе себеси се сметаат за асексуални.

Џошуа Хатон (23) студент од Филолошкиот факултет во Бирмингем, изјавил за Индипендент.
„Пред три години наидов на терминот асексуалност –тогаш се ми стана јасно. Повеќе не можев да се лажам себеси. Од младите се очекува постојано да имаат секс, на сите страни се зборува за тоа. Сега се чувствувам повеќе опуштено“, вели Џошуа.

Некои асексуалци имаат ниско либидо, додека други имаат нормален нагон, но едноставно другите луѓе не ги привлекуваат. Поединци пак посакуваат да имаат блиски и долготрајни емотивни врски со останатите, некои пак одат дотаму да имаат и деца, но само по вештачки пат.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1