Осумгодишното момче И.П од Будва и призна на полицијата дека во изминатите четири дена украл 2.000 евра во Сутоморе, а потоа сите пари ги раздавал на непознати на улица.
Граѓаните на Сутоморе пријавиле неколку грабежи, а полицијата останала вџашена кога дознала кој е крадецот, пренесува црногорскиот весник “Вијести“.
Момчето добило прекар “Робин Худ“, затоа што ги делел парите на оние за кои сметал дека немаат. И.П е приведен во полициската станица во Бар и во присуство на мајка му и социјален работник, го признал делото.
Тој рекол дек на Автобуската станица во Сутоморе наишол на неколку момчиња и ги прашал дали имаат пари. Откако добил негативен одговор, им дал 700 евра.
Момчето било дојдено во Сутоморе со мајка си и очувот, за да “им помага“ во работата.
Одумгодишникот, според законот, не може да биде кривично гонет.
„Известен е судија, кој наложи Центарот за социјална работа да се погрижи за него, за да не се повторуваат вакви проблеми“, пренесува “Вијести“.