Откриен нов вид на пајак со огромни канџи


Биолози во пештера во јужен Орегон пронашле до сега непознат вид пајак. Научниците соопшиле дека пајакот е со големина од 7 – 10 сантиметри и има светла кафеава боја, а веруваат дека постојат и други слични видови во околните пештери.

Тие сметаат дека овие пајаци еволуирале во пештерите и дека станува збор за припадници од засега неоткриена фамилија пајаци, која ја нарекле Троглораптор.

Највоочлива карактеристика на овој вид се големите канџи на краевите од нозете.

– Овој пајак е навистина голем. Има исакнати канџи кои личат на куки. Мислиме дека најмногу ги користи за фаќање на пленот. Овој вид живее во пештери. Се уште не сме виделе како ловат и јадат, изјавува професор Чарлс Грисволд од одделението за арагнологија на Академијата на науките во Калифорнија.

Тој додал и дека се уште треба да се истражува животот на овој вид и дека треба да се очекуваат уште поинтересни откритија поврзани со овој вид.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1