Параолимпијката Оливера Наковска-Бикова која освои златен медал за Македонија и постигна светски рекорд ќе добие 30.000 евра од Владата.
Владата на седница ја донела одлуката на Оливера да ис е додели еднократна награда во висина од 30.000 евра.
„Оливера Наковска-Бикова постигна огромен успех, освојувајќи златен медал и поставувајќи светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон 2012″, се вели во соопштението од Владата.
Наковска-Бикова ќе биде примена од премиерот Никола Груевски, кој лично ќе и се заблагодари за постигнатиот спортски успех.