,,Високата температура при притискање на маслото ги уништува антиоксидантите при што настануваат слободни радикали кои можат да предизвикаат рак. Потоа, на брутален хемиски начин се стврднува маслото преку процесот на хидрогенизација или промена на масните киселини,,
Маргаринот на светската сцена се појавил 1869 година, конструиран како ефтина замена за путерот, наменет за работничката класа. Но маргаринот нема никаква допирна точка со путерот.
За разлика од маргаринот , путерот претставува една хранлива и здрава намирница. Маргаринот е нешто сосема друго, станува збор за неприроден и штетен продукт кој никако не би требало да се нарекува-намирница Маргаринот се произведува од растително масло. Високата температура при притискање на маслото ги уништува антиоксидантите при што настануваат слободни радикали кои можат да предизвикаат рак. Потоа, на брутален хемиски начин се стврднува маслото преку процесот на хидрогенизација или промена на масните киселини.Во овој процес се користат опасни хемикалии чии што остатоци се користат во готовиот производ кој потоа се наоѓа на полиците од продавниците.
Голем проблем претставува тоа што и хидрогенизацијата и промената на масните киселини доведуваат до промена на молекулите на мастите во такви облици кои воопшто ги нема во природните масти и се потполно непознати за човековиот метаболизам. Мастите градат клеточни sидови што е според Bruce Lipton реномиран научник од областа на биологијата, главен дел на станицата бидејќи овозможува комуникација на клетките со нивната животна средина.Ако во неа се вградат неприродни масти од маргаринот тогаш таа не може да функционира на природен начин.
Во процесот на хидрогенизација маслото се обработува со водорот и со помош на никел како катализатор. После овој процес доаѓа до создавање на транс-масти за кои е докажано дека се многу штетни за здравјето. Индустриските транс-масти го зголемуваат ризикот од диабетес, рак, срцеви заболувања и други. Освен во маргаринот транс-мастите ги има и во некои видови кекс-колачи чипсови, сладоледи и торти. Промената на масните киселини значи дека молекулите од мастите се разделуваат па потоа повторно се спојуваат по принцип на случајност.
Овде не настануваат транс-масти, но оние масти кои се создаваат воопшто не се како природните и за нашиот метаболизам се непознати. Како што мастите делуваат на сите био-хемиски процеси кои се случуваат во организмот, така овие изобличени масти можат да доведат до разни пореметувања и болести.
На пример стврднатото палмово масло кое е честа состојка во маргаринот, може да предизвика тромбоза.
Ваквиот премин во цврста конзистенција маслото добива толку лош мирис што идниот маргарин треба да се испира со пареа. Потоа со помош на сода бикарбона и хемиски средства се прави белеење на маргаринот за корисниците да не ја видат сивата боја. Ако претходно имало било какви витамини и минерали со овој последен процес и тие се уништуваат
Остатоци од следниве опасни хемикалии се користат за прозводство на маргарин: екстракциски бензин хексан кој ги оштетува нервите, ацетон-запаллив материјал кој ги оштетува нервите, фосфорна киселина која е опасна, сода бикарбона, металот никел како канатлизатор на хидрогенизацијата, етанол, средства за избелување, полиароматични јаглероводороди.
Дел од овие хемикалии се користат во производството, а дел од нив се создаваат во текот на производството како резултат на хемиски реакции. Еден дел од хемикалиите дури доаѓаат од бродовите на кои се разнесуваат суровини. Се повеќе од направените здравствени студии ја покажуваат врската меѓу конзумирање на маргарин и појавата на алергии, асма, затнување на нос и улцеративен колитис кај децата.