Научниците предвидуваат пораст на населението за околу 2 милијарди само во следните 2 години. Ќе биде потребно се повеќе храна, а тоа ќе ја троши питката вода на Земјата.
Многу брзо светот ќе се соочи со недостаток на питка вода, ќе мора да се смени и исхраната – ќе се намалува производството на се она што ќе троши многу вода. Сето ова стои во студијата на институтот за вода во Стокхолм.
Денес во светот има 900 милиони гладни, мораме да се најде нов рецепт со кој ќе се прехрани целото светско население во иднина, а нема да не доведе во ситуација на недостаток на вода за пиење“, вели авторот, д-р Андрес Јагерке.
научниците во студијата тврдат дека на земјата нема да има доволно вода која би овозможила задоволително производство на месо и други прехрамбени производи со кои треба да се прехранат 9 милијарди луѓе. Нема назад велат тие. Водата ќе ја снемува затоа треба брзо да се реагира.
Мора да се направи рационално користење – да не се фрла храна на која е потрошено многу вода за производство. Ако користењето на место се намали од сегашните 20 насто колку што секојдневно се користи, за само 5 насто помалку би се заштедило многу вода.
Инаку експертите предвидуваат дека во блиска иднина војните нема да се ниту за нафта, ниту за дијаманти туку за питка вода која во светот ја има се помалку.
Во документарниот филм плаво злато – војната за вода се зборува поопширно на оваа тема – овој документарен филм вреди да се погледне.