Фото: Го шверцувале 5 месeченото бебе во торба преку скенер – ги фатиле



Брачен пар од Египет го шверцувале своето 5 месечно бебе во патничка торба, ги фатиле на скенерот за багаж. Сопружниците пристигнале на аеродромот во „Шарјах“  во петокот вечерта, но биле задржани бидејќи немале виза за новороденчето.

Во очаен обид да преминат во Обединетите Арапски Емирати, решиле да ги избегнат законските правила. но и сите морални вредности, ја почекале промената на смените на обезбедувањето, го ставиле детето в торба, но очигледно заборавиле  дека скенерите даваат прецизен преглед во содржината на багажот, а она што овојпат го покажале мониторите ги стаписало екипите задолжени за патниците.

Сопружниците едноставно го ризикувале животот на своето бебе. За време на сослушувањето изјавиле дека не можеле да дозволат ниту за момент да бидат разделени од  своето чедо, велат биле приморани на овој чекор.

Како и да е сега се уапсени и им претстојат сериозни санкции бидејќи го изложиле 5 месечното бебе на зрачење од висок степен.
Двојката претходно престојувала во Обединетите Арапски Емирати, но се иселиле бидејќи сакале  бебето да се роди дома, во Египет.
Останува нерасчистено, како воопшто успеале да го качат новороденчето во авионот без никаква патничка документација

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1