За ,,Бела Ноќ,, бесплатни автобуси до Центар


Благодарение на Јавното сообраќајно претпријатие, во сабота по 19, превозот во сите автобуси кои гравитираат кон центарот на Скопје, ќе биде бесплатен!

Автобусите кои се на линиите 8а и 11, кон Зоолошката градина, исто така се бесплатни, од 11 часот, а и влезот во Зоолошката градина цел ден е бесплатен.

Главните случувања се на ул. `Македонија`, на Плоштадот `Македонија`, на Градската плажа, во градскиот парк, во ГТЦ, во Старата скопска чаршија, и во градските установи кои за вас, ширум ги отвораат портите, и секако: големиот мултимедијален спектакл на плоштадот Македонија “Таму каде сум”, за прв пат во историјата на Бела Ноќ, во македонска режија и продукција, создаден и реализиран од 150-тина македонски уметници, кореографи, сценаристи, музичари, танчери, пантомимичари…

На интернет страницата www.belanok.mk, може внимателно да ги одберете вашите омилени локации со цел да опфатите што поголем број од мноштвото настани и случувања.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1