Се урна потпорниот ѕид на Водно – 10 семејства евакуирани


По лизгањето на земјиштето кое резултираше со комплетно оштетување на потпорниот зид на Водно десетината семејства кои беа евакуирани. 10 метарскиот ѕид се урнал денеска околу 13 часот и паднал врз две згради на улицата Салвадор Аљенде.

За среќа нема повредени, но поради опасност од нови лизгања на земјиштето 10 семејства нема вечерва да можат да се вратат дома. Местото било блокирано од полиција.

Причините за пукањето на потпорниот ѕид ќе ги утврдува експертска екипа од градежниот факултет во Скопје, изјавила за Макфакс портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова,
„Се работи за пукање на ѕид од 15 метри висина и  50 метри должина, наши екипи се на терен и се проценува ситуацијата“, вели Вчкова.

Инаку екологистите неколку години наназад предупредуваа да не се сечат стеблата кој биле наменски изградени за да го заштитат местото од лизгање на земјиште. Апелираа и да не се претерува со градење на овој дел од градот, протестираа и пред потпорниот ѕид, но нивните апели не ги слушна никој.

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1