Македонци заборавете на пријателството – сега сме во фудбалска војна, порака на српскиот селектор


Србија најавува ,,војна,, со Македонците. Свесни дека победата во Скопје утре вечер би значела враќање во квалификациска игра, а пораз би ги урнал сите надежи, ,, Орлови,, на чело со Синиша Михајловиќ најавуваат внимателна, но победничка игра.

,, Доаѓаме во пријателска земја, но пријателство на теренот нема да има. Македонците имаат организиран тим и без Пандев, но имаат и мани кои јас ќе се обидам да ги искористам, изјавил Михајловиќ

Србите нема да одат на нерешено, вели селекторот, но свесен дека српската одбрана ќе има проблеми. Прв на удар ќе е Матија Настасиќ кои против себе ќе ги има агресивните напаѓачи на комшиите, пишуваат српските медиуми.

Душан Тадиќ пак смета дека не треба да се залетаат на почетокот и треба да се игра внимателно – залетување од стартот е рамно на самоубиство, вели Тадиќ

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1