МВР ќе поднесе кривична пријава против К.М.(35) од Скопје – “Лажно пријавувил дека го киднапирале и однеле на Косово, за да собере пари од семјството за наводен откуп.
Тој самиот во близина на граничниот премин Блаце илегално ја преминал државната граница и влегол во Р.Косово.
По влегувањето на косовска територија телефонски се слушнал и го повикал неговиот другар К.И.(30) од Скопје кој по извесно време со такси возило пристигнал во Косово и заедно со него се упатиле кон Урошевац, каде К.М. купил мобилен телефон со СИМ картичка и се јавил на неговиот брат К.Н. и лажно го информирал дека е грабнат од НН лица и дека со сила го држат во близина на Приштина, а за да го ослободат бараат да им даде 32.000 евра. К.М. неговиот брат го замолил да побарат пари од нивни пријатели за да го ослободат, а случајот да не го пријавува во полиција за што му испратил СМС со содржина “Не мешај полиција, знаат се за фамилијата, побрзо”.
К.Н. случајот го пријавил во ПС ОН „Кисела Вода“ каде се преземени мерки за расчистување на случајот и во соработка со Косовската полиција, К.М. е пронајден во Урошевац и лишен од слобода. Во извршениот разговор, истиот во целост го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело.