Телото на 55 годишната Ферзија Муслиоска било пронајдено на брегот на Дебарското Езеро во близина на Косоврашки Мост.
Според семејството Ферзија најверојатно се удавила во Радика, бидејќи таму исчезнала, а местото каде е пронајдено телото е всушност местото каде што Радика се влева во Дебарското Езеро .
Телото го пронашле случајни минувачи. Семејството на Ферзија забележале дека ја нема и почнале потрага. Се сомневаат дека се се самоубила бидејќи била психички растроена. Телото е предадено на обдукција.