Фото: Се урна дел од комплексот на Старата железничка станица во Скопје


Заврши уривањето на објектите кој се дел од комплексот на старата железничка станица.

Во центарот на градот во план е да се гради подземна сообраќајница, поради тоа  кај Јужен булевар веќе една недела се уриваа објектите кој дел од Старата железничка станица. Во тој дел досега имаше неколку фирми кираџии кој се иселени. Овој дел не е од споменикот кој сведочи за катастрофалниот земјотрес од 1963-та година туку е дел кој се наоѓа во склопот на целиот комплекс на старата железничка станица.

Во делот кој досега беше паркинг простор лоциран меѓу Музејот и ТЦ „Рамстор“ се палнира изградба на трговски центар, кој според правилата мора да биде сличен и по висина и по фасада на Старата железничка станица. Планирано е да се гради и катна гаража позади рамстор, а најголемиот зафат ќе е подземната сообраќајница која на свој трошок ке ја гради турската компанија “Лимак” која пред одреден период откупи две парцели од овој простор. Планирано е да биде изградена шест метри под земја, а булеварот ќе има по три коловозни ленти во секоја насока.

Над неа ќе се гради нов деловно административен комплекс. Обновениот разурнат дел на Старата железничка станица, всушност ќе биде влез во новиот комплекс.

Граѓаните сеуште со поделени мислења – требаше ли да се урива дел од комплексот кој сведочи за разорниот земјотрес, за да се градат нови трговски центри или не.

foto plusinfo

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1