Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ одлучи жичарницата за време на викендите да го продолжи работното време за половина час.
Жичарата ќе им биде достапна на посетителите до 21:30 часот. Работното време преку недела останува исто – до 21 часот.
Од Скопје информираат дека од идната недела ќе се воведе и бесплатен интернет долж целата траса на жичарницата.