Нема сакаш – несакаш има ДА ПЛАЌАШ ПАРНО – а за да се откажеш мора комшијата да ти даде амин – Шокантна одлука


До 1 октомври сите мора да се приклучат на парното греење на Топлификација ДУРИ И ОНИЕ КОИ што се ис­клу­чи­ја од ко­рис­те­ње­то пар­но, објавува ексклузивно весникот Вест.

Ако сакате да се исклучите, зависите од тоа колку стоите добро со комшиите – без нивна согласност нема да можете дома да си одлучувате сами за сопствениот дом ( комшиски сон). Сега мора комшијата да ви даде амин да го исклучите парното, ако ви е лут – тешко вас.

Ова стоело во Пра­вил­ни­кот за ус­ло­ви­те за снаб­ду­ва­ње со топ­лин­ска енер­ги­ја до кој редакцијата на „Вест“ дошла вчера и кој се оче­ку­ва де­не­ска да би­де об­ја­вен и во “Служ­бен вес­ник”. Пра­вил­ни­кот го под­гот­вила Ре­гу­ла­тор­на­та ко­ми­си­ја за енер­ге­ти­ка.

 Се поставува прашањето дали е ова уставна одлука – со оглед на фактот дека секое лице има право самиот да располага со својата приватна сопственост, а државата нема право да го тера на трошоци ( да плаќа на приватни фирми) монополски услуги.

Цел­та била да се одр­жи сис­те­мот за гре­е­ње во кон­ди­ци­ја и да се на­ма­лат смет­ки­те на ко­рис­ни­ци­те. Ако не­кој по­тоа са­ка да се ис­клу­чи, ќе мо­ра да до­бие сог­лас­ност од си­те прик­лу­че­ни ста­на­ри.

Спо­ред Пра­вил­ни­кот, оваа об­вр­ска не­ма да ва­жи за оние гра­ѓа­ни што жи­ве­ат во згра­ди што се це­лос­но ис­клу­че­ни од сис­те­мот за гре­е­ње.

Оние, пак, што ќе до­би­јат сог­лас­ност од ста­на­ри­те да се ис­клу­чат, ќе тре­ба ме­сеч­но да пла­ќа­ат по 10 де­на­ри од квад­ра­тен ме­тар или за 50 квад­рат­ни мет­ри стан месечно 500 де­на­ри ќе плаќате за ништо.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1