Се сонча на пазар, спие на тезга – момче на работен одмор во Преспа


ПРЕСПА ЌЕ ГО ВИДИ, ТОЈ НЕА НЕ, ова младо момче е на работен одмор во Ресен.
Лето е, за некои време за заслужен годишен одмор, за некои време за „жетва“. Продажбата на земјоделски производи од струмичкиот крај, го доведе ова младо момче на пазар во Ресен. Ама како да се избегнат (или искористат) летните жеги, кога не се може да се тргне до плажа?

Кога продава тој, неговите најблиски одмораат под сенка, кога продаваат пак неговите досетливото момче се досети да одмора како да е на плажа, да дремне на послано, со скрстени нозе, и по малку и да се сонча. Што може да се искористи и од работата и од летото, а за овој случај, да се биде во Преспа а да не се брцнеш во езеро, Преспанци велат- Преспа те виде, ти неа не.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1