Банката “Стандард Чартерд” за десет години испрала 250 милијарди долара за ирански клиенти, тврдат американски финансиски регулатори.
Кои сте вие да ни кажувате на нас и на цел свет дека неможеме да соработуваме со Иранците, била реакцијата на еден од директорите на банката.
“Стандард Чартерд банк” би можела да ја изгуби дозволата да работи на територија на Америка. Стејт департментот објави извештај на 27 страни во кои се наведува дека банката сокрила 60.000 тајни трансакции за “ирански финансиси институции”, кои се под економски санкции во САД, преносува Би-Би-Си.
Британската банка е обвинета и за фалсификување на книгите. Истражителот Бенџамин Ловски изјавил дека истрагата траела 9 месеци и има цврсти докази дека ист бизнис банката “Стандард Чартерд” имала и со Либија, Бурма и Судан.
Пред две недели Америка ја обвини и Hongkong and Shangai Banking Corporation, најголема европска банка, која американскиот Сенат ја обвини за перење пари.