Ивица Адамовиќ од српскиот град Аранџеловац за 4 месеци ограбил 16 банки, коцкарници и локали.
Влегувал и со вперен пиштол го собирал прометот. За 4 месеци се офајдил за околу 1,5 милиони динари. Сите пари ги потрошил на дрога.
Самиот во полициската станица изјавил дека дневно трошел по еден ипол грам хероин и парите му биле неопходни.
Фатен е и ќе му се суди – може да заработи од 3 до 15 години затвор.