Бред и Анџелина ќе се венчаат овој викенд


 

Актерот Бред Пит и ѕвездата Анџелина Џоли најверојатно ќе се венчаат многу порано од најавуваното. Се претпоставува дека тоа ќе се случи во текот на викендот, на имотот на двојката во Франција.

Родителите на Бред Пит се веќе во Франција, а таму е и Роберт Прокоп – човекот што го креираше и направи венчалниот прстен на Џоли.

„Бред отиде со авион до таму за да се увери дека подготовките одат според планот. Најверојатно станува збор за голем настан. И приватниот авион на Анџелина е таму”, откри извор близок на двојката.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1