Вистинска драма е дома додека да го натерате детето да јаде. Морате да сте пеач, кловн, танцувач, имитатор, и што ли уште не. Се, Само вашето дете да отвори уста и да јаде. Психолозите велат за децата јадењето е досадно и губење време.
Некои велат дека треба да го оставите детето само да побара да јаде. Други пак велат дека тоа е погубно за здравјето на детето, бидејќи тие не ни помислуваат на храна се до моментот кога веќе или дехидрирале или се изгладнети.
Но психолозите велат не е се така црно – има надеж – мора да бидете и кловнови и актери за да ја претворите досадната рутина на хранењето во игра за детето која едвај ќе ја очекува.
Еве неколку навидум едноставни совети за кој психолозите тврдат дека вродуваат со плод.
1. Договорете се со вашето дете и смислете игра поврзана со хранењето – треба нетрпеливо да очекува да додје моментот за ручек. Мора да сте инвентивни, инаку брзо ќе му здосади. Пример секој ден раскажувајте му интересна и чудна приказна за храната која тој ден ја јаде. Пример ако јаде јаболко направете чудна верзија на Снежана и јаболкото.
2. Договорете се секое залче да е за некого. Пример ако јадеш ќе бидат среќни тие и тие од семејството. Па ајде сега лапни за баба, сега за тета, или пак ајде сега за мики маус, за спајдермен. и така натака
3. Третата солуција е да направите храната да му е интересна и со нетрпение да очекува што ли ќе види во чинијата наредниот пат. Лекарите велат дека тоа е можеби и единствениот начин детето да го изеде зеленчукот кој обично го мразат.
Ви даваме неколку предлози за како од јајцата, сендвичите, зеленчукот да направите уметност во подготовката на храната – сепак негативната страна е што за тоа е потребно дополнително време за подготовка.
Еве неколку идеи – погледнете ја галеријата на фотографии подоле.
4. Еден од најлесните начини е да направите од хранењето церемонија. Познато е дека децата обожуваат да јадат на маса со гости.
Па напревете му игра – седнете ги сите кукли или цртани херои на масата и разговарајте со нив исто како што разговарте со него кога јаде. ,, бетмен ништо не си изел да знаеш дека ти нема да си играш после,,
5. Дозволете им на децата да учествуваат во подготовката на храната. нека мислат дека тие сами ја прават, а вие само помагате.
Кога ќе ја направи ќе ја изеде за час и со сласт, гордо на направеното. Дозволете му и да избира сам. направете игра од подготвувањето на менито за тој ден.
Лекарите велат секогаш прашувајте го вашето дете што сака да јаде.
Никогаш не му велете неможе тоа, туку на многу мудар начин натерајте го да помисли дека негова одлична идеја било да се јаде нешто друго.
пример. сакам да јадам чоколадо – ,, аааа одлично браво убаво ти текна. а што викаш да го пуштиме Попај и да направиме вулкан од спанаќ. Бидејќи чоколадото е десерт и доаѓа накрајот – прво ќе направиме ерупција на вулкан во живо, а потоа ќе се частиме со чоколадо. може?
Одговорот најчесто ќе биде насмевка и потврден одговор. Но не секогаш!!! Секое дете си има свој тертип – вие најдоброто си го знаете вашето и што кај него може да ,,пројде,, а што не.
Па се чини најдобар совет е да се водите по тоа. Единствено избегнувајте да ги терате децата сосила да јадат нешто што не сакаат, бидејќи тоа уште повеќе ќе створи аверзија кон тој вид на храна која може да трае се до крајот на неговиот живот.
На крајот здравјето на децата ни е најважно, па ако треба и ќе се игра, глуми, пее – и се што потребно само златото мамино да отвори устето 🙂