19/12/2019 11:04
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече одлуката на Претставничкиот дом на Конгресот, кој изгласа негов импичмент, „самоубиствен марш“ за демократската партија, во говорот што траеше два часа на митинг во Мичиген. „Лудите демократи на Ненси Пелоси се обележаа со вечен жиг на срамот“, рече Трамп на собирот во Мичиген, каде застана на сцената само неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2019 10:59
•
Posted by: MK News
Доналд Трамп со последната одлука на Претсавничкиот дом стана третот американски претседaаел во 243 години долгата историја на САД кој ќе се соочи со судење во Сенатот и потенцијална смена на функцијата. Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп кој е обвинет за злоупотреба на службената должност и спречување на истрага на конгресот. Тој е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2019 10:56
•
Posted by: MK News
Преставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Во ова тело каде демократите имаат мнозинство, Трамп е отповикан со 230 гласови, против беа 197. Ниеден републикинаец не гласаше за отпочнување на процедурата за разрешување на Трамп, единствениот независен законодавец гласаше за отповикување, а двајца демократи против. Пред Трамп, ваква судбина имаа […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2019 16:53
•
Posted by: MK News
Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2019 16:47
•
Posted by: MK News
На денешното рочиште сведочи бизнисменот Орце Камчев, кој истакна дека Јанева добила и 350.000 евра во кутија за чевли. -Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Катица Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески, рече Камчев. Камчев […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2019 16:38
•
Posted by: MK News
Со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, на 10 декември треба да продолжи рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. Денеска сведочеше Јордан Камчев кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2019 16:32
•
Posted by: MK News
Сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Бојан Јовановски и бандата, изјави бизнисменот Орце Камчев по денешното рочиште на случајот „Рекет”. -Колку и да била болна за некој вистината, јас таа вистина денес ја кажав пред суд. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила кај Љубомир Јовевски ако имало притисок или […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2019 17:13
•
Posted by: MK News
Глобалните температури од 1850 година се зголемени за 1,1 степен Целзиусов. Според анализите на НАСА и на НОАА, во 2018 година биле измерени температури на воздухот на Земјата, што биле четврти најтопли од 1880 година досега. Во светски рамки, измерените температури во 2018 година биле пониски споредено со 2017, 2016 и 2015 г., но генерално […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2019 16:42
•
Posted by: MK News
Доколку Уставниот суд иницијативата ја разгледува по однос на одреден член од целиот Закон за амнестија и оцени дека е вонуставен, според обвинителката Вилма Рускоска, тогаш би биле амнестирани сите останати за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Рускоска рече дека лично не знае во кој дел се однесува расправата пред Уставен суд, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2019 16:40
•
Posted by: MK News
Третоосомничениот во Рекет, Зоран Милевски Кичеец, кој е единствен од тројцата осомничени кој призна вина, доби три години затвор за делото. Судијката денеска истакна при изрекувањето на пресудата, дека се земале во предвид фактот дека има малолетни деца, дека има родители за кои води грижа само тој, дека го признал делото, соработувал и помогнал во […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2019 16:38
•
Posted by: MK News
Зоран Милески Кичеец кој е третоосомничен во случајот „Рекет”, доби казна од три години затвор, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Судијката истакна дека се ценела околноста дека ја признал вината и дека досега немал кривична постапка, како и придонесот за ефикасно завршување на постапката. Кичеец има право на жалба во рок […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2019 14:20
•
Posted by: MK News
Лекарот Михаил Толев на излегување од Кривичниот судот кажа дека Бојан Јовановски – Боки 13 се жалел на болки во стомакот и на вртоглавица. Според лекарот, тоа е последица на стресната ситуација, поради што му дале инекција „дијазепам“. Додаде дека свесно може да може да продолжи да го следи судењето. Јовановски во меѓувреме се пожали […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2019 14:15
•
Posted by: MK News
Жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава, рече јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“. – Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2019 14:11
•
Posted by: MK News
„Живеев за денот кога ќе дојде моментот да можам да зборувам, зошто сум мета на јавен линч веќе 5 месеци”. вака Боки 13 денеска се обрати пред Судот. Тој рече дека колку што седел во ресторан со ексшефицата на СЈО Катица Јанева, исто толку пати седел во ресторан и со надлежниот јавен обвинител, мислејќи на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2019 16:35
•
Posted by: MK News
Миле Јанакиески останува во домашен притвор за случајот за Шпанските скали. Покрај за него, жалбата е одбиена и за еден од бизнисмените обвинети во овој случај, јавува Плусинфо. Од одбраната за Плусинфо потврдуваат дека добиле решение за одбивање на барањето за укинување на домашниот притвор со образложение дека во моментот кога одлучувале врховните судии нема […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2019 16:32
•
Posted by: MK News
Два земјотреси за кратко време ја стресоа Албанија,а потресот беше почуствуван и во Скопје. Епицентарот повторно во Албанија во 15 часот и 45 минути на 24 километри од Драч во Јадранското море на длабочина од 10 километри со јачината била 5,3 степени по Рихтер. Седум минути подоцна е регистриран афтершок од 3,1 степен. По вчерашниот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2019 16:29
•
Posted by: MK News
Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5. Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница. Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2019 17:56
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија, соопштува владината прес служба. Од влада наведуваат дека како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од […]
______________________________________________________________________________________________________