15/11/2019 12:14
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство и следната година ќе има за трошење 3,7 милиони евра, дознава ТВ 24. „Во предлог буџетот за следната година стои дека СЈО ќе има на располагање исто толку пари, како и оваа година, без разлика што обвинителите и предметите не се повеќе таму. Дури 1,2 милиони евра се предвидени за плати на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 12:03
•
Posted by: MK News
Познатиот актер Расел Кроу на Инстаграм објави дека не успеал ништо да спаси од пожарот што го зафати неговиот имот, лоциран на источниот брег на Австралија. Имот што изгоре, Кроу го купи кога одлучи од Холивуд да се пресели во Австалија. Тој е роден на Нов Зеланд, но неговото семејство се преселило во Австралија кога […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 11:45
•
Posted by: MK News
Се претставува како менаџер, како вработен во мобилна компанија и секогаш итно треба да организира некаков настан за кој му требаат туристички водичи, преведувачи, хотели, сценски работници, фотографи, уметници, играорци, издавачи, таксисти, папагали, превозници… Соработниците ги ангажира преку телефон, некои од нив треба итно да му дадат на таксистот од 12.000 до 20.000 денари, па […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 11:30
•
Posted by: MK News
Приказната за напуштеното бебе кое израсна во успешен претприемач, иноватор и филантроп ги инспирираше многумина на социјалните мрежи. Фреди Фигерс (30) во моментов е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари што ја основал кога бил тинејџер. Тој исто така поседува 4 патенти и работи со технологија уште од дете. Фреди е роден во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 11:13
•
Posted by: MK News
Ја дала родената куќа со надеж дека ќе живее во нов стан, но скоро дваесет годиние без двете. Оваа 75-годишна скопјанка се уште се надева дека ќе ја дочека правдата и еден ден ќе се всели во зградата што никнала на нејзиниот и плацевите на уште десетмина жители на Кисела Вода. За жал, дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 11:00
•
Posted by: MK News
Ќерката Исла и мајката се добри и се навикнуваат на заедничкиот живот што aвстралиската манекенка Ерин Лангмаид (23) не го очекувала пред две недели, пишува „Дејли мејл“. Ерин од Мелбурн работела цело време и тврди дека користела контрацептивни инјекции. Таа немала трудничко стомаче, утринско гадење или други знаци на бременост, а на денот кога се родила Исла, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 10:44
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините, информираа од УХМР. Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната 10 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и со услови за утринска […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 10:33
•
Posted by: MK News
Таткото Нафес Монро, во пукање во Филаделфија своето дете од 11 месеци го користел како штит додека се обидувал да купи дрога со фалсификувани пари, после што е уапсен, а детето е префрлено во болница со страшни повреди. Монро со себе во паркот го земал и малиот син, Јазин Џеникс, за да ги обесхрабри трговците […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 10:20
•
Posted by: MK News
Поранешниот кандидат за претседател на Република Македонија, Блерим Река е меѓу тројцата кандидати за позицијата министер за надворешни работи на Косово. Како што известува новинската агенција ИНА, за функцијата шеф на косовската дипломатија Река е предложен од лидерите на партиите на новата Влада на Косово, која е во процес на формирање. Според пишувањата професорот е […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 10:14
•
Posted by: MK News
Политико Европа ги доби петте прашања кои европратениците му ги испратија на кандидатот за комесар за проширување отфрлен денеска поради недоволни гаранции за независност од владата на Виктор Орбан. Првото прашање е поврзано со азилот што му го додели Орбан на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски. -Дали ќе се чувствувате врзани или под влијание во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 10:03
•
Posted by: MK News
Во Кривичниот суд почнува судењето за убиството на младиот Пино. -Ако има правда во Македонија, вистинска правда, верувам дека обвинетата Ангела Ѓорѓиевска ќе биде казнета. Верувам дека нејзината казна нема да биде пример само за во Македонија, туку за цел Балкан, вели за „Слободен печат“ Маја Трпковска, мајка на свирепо убиениот Пино Секондо. Дваесет и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 09:43
•
Posted by: MK News
Велигден се паѓа на 20-ти април, Нова година е во среда, а Божик во вторник. Вака изгледа програмата на неработни денови за 2020 година. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ • 01 јануари (среда), Нова […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 09:31
•
Posted by: MK News
Честитки до сите работници и работнички! Законот за минимална плата е изгласан во Собранието. Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Уште од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Секој граѓанин заслужува да има пристоен живот, затоа минималната плата од 9.500 денари на почетокот на мандатот, ја зголемивме на 14.500 денари. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 09:22
•
Posted by: MK News
Италијанската Влада денеска прогласи вонредна состојба во Венеција заради брзо обезбедување средства за санирање на штетата предизвикана од највисоката плима во последните 50 години. На попладневниот состанок, Владата одобри посебна одредба во која се вклучени првите мерки кои имаат за цел да му помогнат на градот да се опорави. Италија прогласи вонредна состојба во Венеција […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 09:14
•
Posted by: MK News
Вишиот управен суд ја отфрли жалбата на Антикорупциската комисија како недозволена и ја потврди првостепената одлука на Управниот суд, кој пред месец и половина одлучи дека Антикорупциска не била во право кога му отвори прекршочна постапка на екс претседателот Иванов, дознава Вечер.мк од извори во Судот. Одлуката е официјална. Иванов преку aдвокатското друштво Лазов и Бадева, поднесе тужба на решението на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 09:03
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека техничките рокови од Преспанскиот договор ќе бидат на чекање, додека не почнеме преговори со ЕУ. -Во Преспанскиот договор има два типа на рокови политички и технички. Едните се однесуваат на користење на името во меѓународните односи и билатералните односи. Тоа е исполнето. Техничките се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 08:46
•
Posted by: MK News
Обвинителството има можност да го обжали решението на судијата Горан Бошевски, кој пред неколку дена констатираше дека кривичното дело за кое се гони поранешниот премиер Никола Груевски, за кинеските автопати, е застарено. Со оглед на тоа дека решението уште не стигнало во Обвинителството, може да го оспори решението на судијата, бидејќи на овој начин се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 08:38
•
Posted by: MK News
Судовите денес нема да работат. Вработените во судовите излегуваат на протест незадоволни од распределбата на надоместоците меѓу службениците и судиите. Судските административци излегуваат на протест. Од 9:30 до 11 часот ќе ги напуштат работните места и ќе се соберат пред судовите каде што работат за да го изразат незадоволството од додатоците на плата за што […]
______________________________________________________________________________________________________