Archive by Author

Отворена првата „Родителска куќа“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја отвори „Родителската куќа“, која е наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница. Родители кои не живеат во Скопје, каде се наоѓа единствениот центар за лекување на малигни заболувања кај деца. – Среќен сум што со „Родителската куќа“ ќе им помогнеме на родителите што не […]

______________________________________________________________________________________________________

Томислав Тунтев нов генерален директор на АЦВ

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, функцијата генерален директор на АЦВ од денеска официјално ја презема Томислав Тунтев. Како што соопшти АЦВ, на примопредавање на функцијата досегашниот директор, Горан Јандреоски го информирал Тунтев за досегашните резултати на Агенцијата постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат […]

______________________________________________________________________________________________________

Природна катастрофа прогласена во Австрија и Германија: Очекуваат уште 3 метри снег

Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме, а алармот поради заканите од лавини е на највисок, петти степен. Илјадници се без струја или заробени во домовите под дебелата снежна покривка која расте од час во час. Се предвидува дека врнежите нема да престанат до понеделник, а со тоа и проблемите на жителите од […]

______________________________________________________________________________________________________

Само Џафери од државниот врв дојде на традиционалниот божикен ручек кај г.г. Стефан

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска присуствуваше на празничен прием приреден од Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан. Приемот беше организиран по повод Рождеството Христово – Божик и празникот на св. првомаченик Стефан

______________________________________________________________________________________________________

Заев до пратениците: Секој глас „против“ е глас за изолација

Премиерот Зоран Заев на седницата за уставни измени попладнево изјави дека ќе имаме име кое ќе биде признаено од сите. Ние сме генерацијата што ги решава проблемите. Имаме кристална потврда за македонскиот идентитет, македонскиот идентитет за севкупна употреба, конечно. Македонскиот јазик ќе се користи слободно насекаде, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во […]

______________________________________________________________________________________________________

Прекината седницата за уставни измени – продолжува утре во 13 часот

Прекината седницата за уставни измени – продолжува утре во 13 часот. Претседателот на собранието Џафери по излагањето на премиерот Зоран Заев ја прекина седницата со цел сите пратеници да го добијат на увид излагањето на Заев.  75. седница за уставните измени, на која пратениците ќе ги утврдуваат предлог – амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски утре ќе се обрати на протестот пред Собранието

ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на граѓанскиот протест пред Собрание против насилните уставни измени и самиот протест е реакција на насилната акција на власта за носење на уставните измени, и самиот собир ВМРО-ДПМНЕ нема да го злоупотреби во тесно партиски цели, велат од партијата. – И покрај уфрлените елементи кои сакаат да го дефокусираат самиот протест граѓаните […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Започна седницата за уставни промени

Во Собранието на Република Македонија во тек е седницата за устави промени. Оваа седница е трета фаза од промените на уставот кои како предлог ги достави Влада на Република Македонија. ТВ„! ја пренесува седницата во живо

______________________________________________________________________________________________________

Водич за подобро информирање на граѓаните за ДДВ

ДДВ обврзниците имаат рок до 15 јануари доброволно да се регистрираат во системот на данок на додадена вредност и да ги поднесат документите на увид во Управата за јавни приходи (УЈП). За да оценат граѓаните дали спаѓаат во групата на ДДВ обврзници од денеска на веб-страницата на УЈП им е достапен водич со детални објаснувања […]

______________________________________________________________________________________________________

Снежна апокалипса во Австрија – наредено да се направат залихи од вода, храна и лекови

Огромни количини снег кој врне со денови предизвикаа хаос во Австрија, а досега животот го изгубија девет лица. Метеоролозите најавуваат продолжување на врнежите до крајот на неделата и дури 2 метри нова снежна покривка. Сите австриски служби за спасување, пожарникари, војска и полицијата се борат против незапаметните наноси снег кои затрупаа поголем дел од алпската […]

______________________________________________________________________________________________________

Демонстрантите го повикаа Иванов да им се придружи

Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи. Претставници од дијаспората пак порачаа: „Ние сме како војската на Александар Македонски.“ -Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и […]

______________________________________________________________________________________________________

„Македонија блокира“ бара нивни претставници да присуствуваат на пленарната седница за уставните измени

Членови на граѓанското здружение „Македонија блокира“, кои протестираат пред македонското Собрание против уставните измени, побараа од полицијата да пушти тројца нивни претставници, кои ќе присуствуваат на пленарната седница и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците. Тие од собраниското обезбедување биле известени дека седницата е одложена за попладнево во 16 часот. – Им […]

______________________________________________________________________________________________________

„Водовод“ апелира граѓаните да ги заштитат своите водомери

Ниските температури во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто со пукање на стаклата на водомерите. Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.Од ова јавно […]

______________________________________________________________________________________________________

Киднапирана сопругата на еден од најбогатите луѓе во Норвешка

Норвешката полиција денеска објави дека сопругата на милијардерот Том Хаген била киднапирана и дека нејзините киднапери побарале откуп од 9 милиони евра. Главниот иследник Томи Броеск рече дека Ана-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година, објави АП. Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор за недвижнини и сопственик на енергетски објекти, е на листата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски повика на мирни протести: ВМРО – ДПМНЕ нема да даде легитимитет на насилното менување на името

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ пред Собранието каде што денеска во 16 часот се очекува да продолжи финалната фаза од уставните измени според договорот со Грција, повика на мирни протести против, како што рече, насилно менување на уставното име на државата. – Северна Македонија е на Заев и на неговите соработници, а Република […]

______________________________________________________________________________________________________

Две Бугарки уапсени кај Сити Мол заради кражби

Завчера во 19.00 часот на улица „Манапо“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

______________________________________________________________________________________________________

Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15

Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот, што почна од почетокот на годината, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил […]

______________________________________________________________________________________________________

Трет ден Божиќ – денеска се празнува светецот кој прв настрада за Христовата вера

Православните христијани денеска на третиот ден од Божиќ го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко. На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1