01/12/2018 16:28
•
Posted by: MK News
Пред Собранието на Република Македонија, истовремено со одржувањето на пленарната седница, се одржува протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира”. Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот. – Ова што се случува во […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:26
•
Posted by: MK News
Одговорноста за скандалот со прислушувањето во Обвинителството е на Зоран Заев, кој е година и пол премиер и ја контролира и централната и локалната власт, објави на својот Фејсбук-профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. – Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:24
•
Posted by: MK News
Последниот лидер на Советскиот Сојуз , Михаил Горбачов изрази искрено сочуство до семејството на починатиот поранешен претседател на САД , Џорџ Буш. Горбачов изрази сочуство до семејството на Буш и до сите Американци. Тој со Буш соработуваше на крајот на Студената војна , пред крајот на 80 – тите и почетокот на 90 – тите […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:21
•
Posted by: MK News
Македонија влезе во уште една афера со преслушување. Овој пат и официјално „мета“ биле обвинителите од Јавното обвинителство и судиите од Кривичниот суд. Додека се уште се водат судски процеси за незаконски прислушувани разговори, јавноста ја тресе нов скандал незаконско следење на комуникациите, овој пат тие на правосудните институции. Откако јавниот обвинител Љубомир Јовевски откри […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:19
•
Posted by: MK News
Три лица се уапсени и задржани во полиција по синоќешната престрелка во Тетово. На инцидентот му предходела расправија во едно од казината во центарот, помеѓу 34 годишен тетовец од една страна, и уште две 43 годишни лица, едниот исто од Тетово, другиот од Лавце. Откако излегле надвор, започнало пукањето. Во синоќешната престрелка во строгиот центар […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2018 16:17
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател на САД Џорџ Х.В. Буш, кој претседаваше за време на крајот на Студената војна и ја изврпи првата инвазија во Ирак, умре синоќа на 94 години. Тој беше 41 претседател на САД. Умре во Хјустон синоќа во 22:10 по локално време, соопшти портпаролот на семејството Буш. Во април заврши во болница со сепса, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:38
•
Posted by: MK News
Во вторникот во 13.50 часот било пријавено дека Б.Т. истиот ден околу 13,00 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје била касната од куче. Исто така вчера, А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија“ во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:37
•
Posted by: MK News
Возилото на сопругата на поранешниот шеф на УБК, Миле Зечевиќ, синоќа целосно изгорело во пожар. Автомобилот Тојота Корола бил паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1, пред куќата во која живее Зечевиќ со семејството. Миле Зечевиќ во моментов е член на Централен одбор на СДСМ. Во 2006 година беше директор на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:35
•
Posted by: MK News
По кусо и тешко боледување на 56-годишна возраст почина тапанарот на панк-рок групата Партибрејкерс, Игор Боројевиќ – Бора. Членовите на групата и обожавателите од него се простуват на Фејсбук. – Нѐ напушти прекрасен човек, другар и колега, најдобриот тон-мајстор и продуцент, Игор Боројевиќ. Долги години беше шести член на групата. Удираше тапани на трета плоча. […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:33
•
Posted by: MK News
Започна падот на однародената влада за национално понижување, започна падот на власта за економски порази, започна падот на власта која што ја завитка Република Македонија во Црнила. Почитувани, вчеравечер пред Владата се покажа силниот пркос и заеднички отпор на Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, на сите против неспособната и криминогеноста на оваа власт […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:31
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од пред Владата, рече дека оваа власт мора да си замине затоа што година и половина ја уништува Македонија. Mицкоски најави протести во други градови во земјата, но и дека опозициската партија пред Владата ќе протестира секоја среда. – Ни ветуваа пет проценти раст на БДП во програмата што ја […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:30
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи вечерва член на семејството на починатиот великан Горан Стефановски објави дека неговото тело ќе биде кремирано Драматургот Горан Стефановски ќе биде кремиран на 5 декември во Barham Crematorium во Кентербери во 9.20 часот. Пепелта , по негова желба , во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро . Горан […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:27
•
Posted by: MK News
Доктор од западноиндиската држава Гуџарат е уапсен откако пијан направил царски рез. Бебето починало уште за време на породувањето со царски рез , а мајката нешто подоцна. Полицијата информира дека со алкотест било утврдено дека докторот бил пијан , а во моментот се истражува дали до смртта на мајката и детето дошло од немарност или […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:25
•
Posted by: MK News
Млада мајка и нејзиното десетмесечно бебе загинаа на само неколку метри од нивната колиба , кога биле нападнати од мечка. Несреќата се случила во областа Јукон во Канада , каде гризли ја нападна 37 годишната Валери Торет и нејзината ќеркичка Адел Решолт. Жената била учителка на шесттие одделенија во училиштето во местото Вајтхорс. Заедно со […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:24
•
Posted by: MK News
Во Сараево почина 16 годишно момче , кое било алергично на напиток што го испил по тренинг во теретана. Тинејџерот имал алергија на млеко и слични производи , така што добил силен напад. Докторите еден час се обидувале да го реанимираат момчето , но неуспешно. Тој претходно успеал да стигне дома по тренингот во теретаната […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:22
•
Posted by: MK News
Македонската академија на науките и уметностите со голема тага соопштува дека на 28 ноември 2018 година почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:18
•
Posted by: MK News
Поделбата на Косово не излегува од реториката на косовските лидери, овој пат, од навидум најголемиот противник на прашањето за промена на границите. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во авторски текст за „Вашингтон Пост“ открива дека од српскиот претседател Вучиќ, со поддршка на Русија, добиле непристоен предлог – Белград да го признае Косово, а за возврат да […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2018 15:16
•
Posted by: MK News
Европратениците ги усвоија двата амандмани кои бараат од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија. Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник. Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што […]
______________________________________________________________________________________________________