Archive by Author

Инвеститорот на зградата кај „Мајчин дом” најавува дека ќе изгради нов парк во Аеродром

Сопственикот на зградата што треба да се гради кај „Мајчин дом” во општина Аеродром денеска преку соопштение најави дека ќе вложи средства во изградба на нов парк во општината. – Ова е наш придонес за општината и граѓаните. Нашата компанија е општествено одговорна и сакам да обезбедиме подобри услови за живеење во Аеродром. Стојам на […]

______________________________________________________________________________________________________

Поднесено обвинение против Моника Ристеска

Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд поднел обвинителен акт против Моника Ристеска за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Таа е позната во јавноста по тоа што постојано објавуваше видеа со џоинт, а еднаш се снимаше и како пушеше на јавно место. Важи за […]

______________________________________________________________________________________________________

Јаулески и Ласовска в.д. претседатели на Унијата на млади сили и на Унијата на жени

Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својата последна седница ги именуваше Јован Јаулески и Благица Ласовска за в.д. претседатели на Унијата на млади сили и на Унијата на жени. Тие ќе ги извршуваат партиските функции до конечната реализација на конкурсната постапка за изборот на нови претседатели. Нивното именување следува по оставките на досегашните претседатели Лука […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во детската болница Козле

Запален аспиратор е причина за пожарот во Болницата за детски болести во Козле од кој беше зафатен дел од кровната конструкција. Пожарот е изгаснат и причинета е материјална штета, нема повредени лица бидејќи пациентите навреме биле евакуирани. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информираат дека интервенирале со две возила и пет пожарникари. Пожарот бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Индонезискиот авион со проблеми и на летот пред – сведочења на патници

Се појавија нови информации за индонезискиот авион кој завчера се урна во море, при што загинаа сите 189 патници и членови на екипажот. Како што јавува Бизнис Инсајдер, на последниот лет пред трагичната несреќа авионот на компанијата „Лајон ер“, се однесувал многу чудно, нагло се подигал и пропаѓал. Патниците изјавиле дека во авионот се чувствувале […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ со една пратеничка група, нов координатор Никола Мицевски

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчерашната седница ја посвети на актуелната дневно политичка и економска состојба во државата и на внатре партиските случувања при што беа разгледани низа кадровски прашања. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го потврди изборот на Никола Мицевски за нов координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. […]

______________________________________________________________________________________________________

Украдена ѕвездата на Горан Пандев од плоштадот во Струмица

Од Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска е искорната плочата со ѕвезда на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев. Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои титулата европски и светски шампион со италијанскиот Интер, односно истата година кога е изграден новиот струмички плоштад. Граѓаните на Струмица, кои денеска поминува низ плоштадот го осудуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Куманово – еден починат

Повредениот од огнено оружје во престрелката во Куманово им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје. Лицето беше повредено синоќа околу 18:30 часот во Куманово во инцидент на улицата „Тоде Мендол“ по претходна вербална расправија меѓу две семејства. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

______________________________________________________________________________________________________

СЈО: Замрзнат имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ

По барање на ова Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Специјалното јавно обвинителство. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. – Со […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостивар доби пет нови милионери – Добија 7.797.025 денари на спортска

Неверојатни 7.797.025 денари или 126.780 евра успеаа да наплатат новите милионери од Гостивар, од добивка на спортска прогноза. Давор, Марио, Дарко, Дејан и Александар со уплатени 250 денари на две ливчиња го поставија рекордот на најголема исплатен коефициент, не само во државава туку и во регионот, јавува    gostivarpress.mk кој oбјави и фото од срекните […]

______________________________________________________________________________________________________

Општина Сарај „дарежлива“ кон борците на ОНА

Реакции во јавност предизвика одлуката на Општина Сарај да ги осободи од комуналии поранешните припадници на ОНА кои живеат на таа територија. Од општината единствено образложуваат дека одлуката ја донел Советот вчера а ќе се формира комисија за да ги регистрира сите поранешни припадници на ОНА. Владата за одлуката на Општина Сарај слушнала од медиумите. […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриен највисокиот споменик на светот – чини 430 милиони долари

Во Индија е откриен најголемиот споменик на светот , висок 182 метри кој чинеше 430 милиони долари. Во Индија свечено е откриен најголемиот споменик на светот , бронзена статуа висока 182 метри посветена на водачот на движењето за независност, Сардар Валабаја Пател. Премиерот Нарендра Моди истакна дека споменикот на независноста ќе стане една од главните […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопскиот аеродром со 37 редовни авиолинии во зимскиот ред на летање

Со зимскиот распоред на летање што стапи во сила на Меѓународниот аеродром Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации што се опслужени од 13 авиокомпании, информираат за МИА од ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми. Најновата дестинација додадена во распоредот на скопскиот аеродром е редовниот лет од Атина до Скопје, со кој од утре […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР кривично ќе го гони пратеникот Арнаудов поради несовесно работење во Охридската болница

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за опозицискиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов поради несовесно работење додека бил в.д. директор на Општата боница Охрид. – СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично […]

______________________________________________________________________________________________________

Каракачанов: Ќе се застрелам на плоштад во Софија ако се докаже дека сум зел евро за пасоши

Лидерот на Бугарската партија ВМРО Красимир Каракачанов тврди дека никогаш не зеле пари за издавање на документи за бугарско државјанство, туку секогаш ја бранеле каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка. -Ова е политички напад. Така реков и пред некој ден. Ако се докаже дека сум зел макар […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште едно заминување од УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Откако денеска оставката си поднесе претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски, неотповиклива оставка од функцијата поднесе и претседател на градски комитет на УМС, Томи Кепевски. Тој својата одлука ја соопшти во писмо до јавноста: „Почитувани сопартијци и пријатели, мотивиран и охрабрен од денешната оставка на претседателот на Унијата на Млади Сили […]

______________________________________________________________________________________________________

По скандалот – Нови услови за добивање бугарски пасош

Само два дена откако изби големиот скандал поврзан со издавање на бугарски пасоши на граѓани од Македонија, Молдавија и Украина, министерката за правда Цецна Цачева најави дека под итно до крајот на годинава ќе се направат промени во законот за издавање на бугарски државјанства за да се избегнат слични малверзации во иднина. Работната група која […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните имаат рок од 2 месеци да се регистрираат во системот на е-Персонален данок

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година. За да може УЈП да достави пополнета Годишна даночна пријава на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1