Archive by Author

Единаесет години без Тоше

Единаесет години без Тоше Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Морбидно, тела на 11 бебиња пронајдени во картонски кутии

Властите на Детроит по анонимна дојава пронашле тела на 11 бебиња во распаѓање сокриени во плафон во зградата во која е затворена погребална фирма. Поручникот Брајан Браузер од полицијата во Детроит изјавил дека телата на мртвите бебиња биле пронајдени во кутии на плафонот меѓу првиот и вториот кат, пренесува АП. Според изјавата на полицискиот поручник […]

______________________________________________________________________________________________________

Избркани и казнети сите адвокати на обвинетите на судењето за 27 април

Сите адвокати кои ги бранат обвинетите на судењето за 27 април биле избркани од судница и казнети со по 1.000 евра, обвинуваат адвокатите. Судијката Добрила Кацарска им го одзела правото да ги бранат обвинетите поради нарушување на редот во судниицата, откако тие реагирале на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок С1. Адвокатите […]

______________________________________________________________________________________________________

Почнуваат пристапните преговори со НАТО, Собранието ќе пресуди дали Македонија ќе стане членка

Претпристапните преговори за приклучување на Македонија во НАТО официјално почнуваат в четврток и петок во Брисел, со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интеграција на седиштето на Алијансата каде ќе се сретнат со нејзини претставници кои ќе бидат вклучени во процесот на утврдување на усогласеноста на земјата […]

______________________________________________________________________________________________________

Меган Маркл е бремена

Кралската палата ги потврди шпекулациите дека војвотката од Сасекс Меган Маркл е бремена. Во официјалното соопштение од Кенсингтон палатата се наведува дека бебето се очекува да се роди на пролет идната година. Прингот Хари и Меган Маркл се благодарни на пораките за поддршка кои пристигнуваат од сите страни по нивната венчавка и се воодушевени што […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Отворен сум за дијалог, не ми паѓа на памет да влијаам врз институции и судови

Секогаш сум бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор. Премногу има поделби во Македонија и сите знаеме дека треба да си простиме. Апсолутно не ми паѓа на памет да влијаам врз институции или судовите, порача денеска од собраниската говорница премиерот Зоран Заев. Одговарајќи му на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој предложи лидерите […]

______________________________________________________________________________________________________

Села: Заев не е цар и не е над правдата па да пружа рака за помирување

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, му порача на премиерот дека не е над институциите и над правдата за да нуди помирување за настаните од 27 април. Села најтешко помина при упадот во Собранието, каде демонстрантите го претепаа мислејќи дека го убиле. „Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на […]

______________________________________________________________________________________________________

Милошоски: 15 мои колеги се повикани на распит во СЈО, нема да гласам за промена на Уставот

По неуспешниот референдум околу 15 мои колеги пратеници, меѓу кои и јас, се повикани од страна на СЈО за разни предмети и сметам дека со тоа се покажува дека Обвинителството има своја политичка намена односно сите овие случаи и постапки и распити имаат за цел да принудат дел од пратениците да гласаат против волјата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари

Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже. Трамп всушност долги години ја обвинува Ворен дека лаже оти има индијанско потекло, а на неговите митинзи ја нарекуваше и „лажна Покахонтас“. Американскиот претседател во јули оваа година […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш го лекувал, му се вратил. Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Мајкрософт во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983., кога морал да ја напушти […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанчев: Ајде да направиме амнестија, би гласал за уставните измени

Ајде да ја направиме таа амнестија за настаните во Собранието на 27 април. Таа работа треба да заврши во Парламентот, со едногласно крената рака, вели Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дојче веле. Вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев за помирување и простување, според Јанчев, е повик за „ослободување на луѓето кои во […]

______________________________________________________________________________________________________

Јавноста исклучена од сведочењето на загрозениот сведок за „27 април“

Со цел заштита на загрозениот сведок С1 и неговиот идентитет претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска ја исклучи јавноста од денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април. Судиката Кацарска на денешното рочиште дозволи присуство само на ОБСЕ и претставник од Амбасадата на САД. Пред почетокот на рочиштето судот го прифати барањето на Јавното […]

______________________________________________________________________________________________________

Денот на македонската револуционерна борба неработен за сите граѓани

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 Октомври е неработен согласно Законот за празниците на Република Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Коѕијас: Без Договорот од Преспа не постои решение

Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во […]

______________________________________________________________________________________________________

Дачиќ: Знаеме дека не прислушкуваат, власта нема што да крие од народот

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека му е познато оти „некои западни сили ги прислушкуваат државниот врв на Србија“. Тој додаде дека тоа воопшто не го вознемирува, бидејќи власта нема што да крие од народот. – Сите разговори ги водам во својот кабинет. Немам страв од тоа, бидејќи не криеме од никого. […]

______________________________________________________________________________________________________

Антониo Милошоски на распит во СЈО за случајот „Моќник“

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Моќник“. Милошоски е првообвинет во случајот „Моќник“, што СЈО го најави во март годинава против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Во Македонија има премногу поделби

На собраниската седница за промена на Уставот по излагањето на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој предложи лидерите на двете најголеми партии да донесат решение за иднината на државата, премиерот Зоран Заев рече дека тој од секогаш бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор, оценувајќи дека во Македонија има премногу поделби и оти […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери нема да му дозволи на Мицкоски да се обрати во парламентот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ да му дозволи на партискиот лидер, Христијан Мицкоски, да се обрати пред пратеници во Собрание на расправата за отворање на Уставот. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, го прочита барањето адресирано до Собранието на денешната седница, но Џафери рече дека не постои таква можност во Деловникот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1