22/07/2018 14:00
•
Posted by: MK News
МВР поднесе кривични пријави против три лица од Скопје и едно од Гевгелија кои биле дел од групата која минатиот месец, при криумчарење на мигранти направи сообраќјна несреќа во која што две лица го загубија животот, а дванаесетмина се здобија со тешки повреди. Криминалната група била предводена од еден од тројцата скопјани, додека со товарното […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2018 13:58
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. УВ индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 26 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне до […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Вчера околу 23,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка. Притоа лицето Н.М. (17) од Скопје се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2018 13:54
•
Posted by: MK News
Вчера во 20,45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.И.(20) пријавил дека на 20.07.2018 година околу 18,30 часот додека се движел по кејот на реката Вардар во населбата Ѓорче Петров бил нападнат од кучиња скитници при што му биле нанесени повреди на левата нога и на двете раце.
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2018 12:01
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп. Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2018 11:59
•
Posted by: MK News
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути, информираат од АМСМ. Оттаму информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2018 11:57
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9 Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:39
•
Posted by: MK News
Групата излезе од болница и на конференцијата за новинари одговораше за искушенијата на кои се најдоа во пештерата во која беа заробени 17 дена. Едно од децата откри дека први зборови на спасувачот кој ги пронајде биле: „Ова е чудо!“ Тој додаде дека ги прашал: Колку ве има внатре? 13? Одлично, додека другиот додаде: „Колку […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:25
•
Posted by: MK News
Знам дека ќе ме осудат како лоша мајка, но сакам да ги предупредам другите луѓе за ова да не им се случи, напиша Линдзи Мекајвер на Фејсбук започнувајќи ја приказната за најужасниот настан од својот живот. Линдзи и нејзиниот сопруг на 8 јули купиле нова „фенси“ машина за перење алишта и ги предупредиле своите три […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:20
•
Posted by: MK News
Македонскиот голман во редовите на лондонски Арсенал, Дејан Илиев го продолжи договорот со клубот од „Емирати“, кој е за 2+2 години. Дваесет и тригодишниот Струмичанец одигра осум дуели за тимот на „топџиите“ до 23 години минатата сезона, а исто така беше вклучен и во првиот тим при победата во „Карабао Купот“ против Норвич Сити во […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:17
•
Posted by: MK News
Дебора Џамбази од Кичево, Маја Паневска од Свети Николе и Елизабета Динева од Гевгелија се трите родилки кои годинава починале по породувањето, а за кои семејствата се сомневаат на лекарски грешки. На сите три ова им било прво породување. 31 годишната Џамбази го изгуби животот за време на царски рез во приватна болница, Паневска почина […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:09
•
Posted by: MK News
В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:06
•
Posted by: MK News
Првообвинетиот во овој случај, Сеад Кочан доби шестгодишна затворска казна за кривично дело “Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Обвинетиот Василије Авировиќ, кој од здравствени причини не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, за истото кривично дело е осуден на 3 години затвор. Третоосомничениот во случајот, Сафет Ватиќ […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 23:02
•
Posted by: MK News
Здравствените власти го чекаат обдукцискиот наод за 30 годишната Елизабета Динева која пред 20-тина дена била породена во гевгелиската болница а пред 5 дена почина на КАРИЛ. Од Државниот здравствен инспекторат ги проверуваат сите установи каде родилката била медицински третирана. Вчера го посетиле и матичниот гинеколог на Динева, кој, пак е еден од двајцата гинеколози […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 22:54
•
Posted by: MK News
Поради сообраќајна незгода кај Аеродром Охрид, сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево е во прекин за сите возила во двата правци, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Засега не е позната состојбата на учесниците во несреќата.
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2018 22:52
•
Posted by: MK News
Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта, пишува порталот Досие. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2018 13:47
•
Posted by: MK News
Актерот Јовица Михајловски на Фејсбук објави видео, на кое зборува за патните трошоци на пратениците и за тоа како се станува пратеник. „Влегуваш во партија, лепиш плакати… јадеш сендвичи и стануваш пратеник. После одиш на благајна и си земаш ковертче со патни трошоци ииии 10 илјади евра. Одиш пак и пак 10 илјади евра, вели Михајловски.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2018 13:34
•
Posted by: MK News
Хрватска е подготвена, со големо нетрпение го чека враќањето на „Огнените“ од Русија.И покрај тоа што го загубија финалето од Франција, хрватските фудбалери денеска во Загреб ќе бидат пречекани како тие да се Светски шампиони. Хрватските фудбалери околу 14 часот треба да пристигнат на загребскиот аеродром, а потоа со автобус со отворен кров ќе продефилираат […]
______________________________________________________________________________________________________