Archive by Author

Ѕвездата на „Династија“ повторно во болница – плати кауција од 20.000 долари па се предозираше

Американската актерка Хедер Локлир (56) се обиде да се самоубие, откако се предозираше со лекови. Таа повторно беше уапсена откако ги нападна полицијата и болничарите, кои во нејзината куќа дошле на повика на нејзиното семејство. Актерката била пијана, па е однесена во затвор. Против неа е поднесено обвинение, но е пуштена да се брани од […]

______________________________________________________________________________________________________

Измамник: Барал пари за лекување на дете, од мајката зел огромна сума

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против И.Ц.(44) од Штип за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од април до јуни минатата година, во Штип во домот на Ц.К., пријавениот во повеќе наврати, барајќи парични средства за лекување на ќерката на Ц.К., од истата зел вкупно 348.500 денари.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец нападнат од улични кучиња на улица „Македонија“

На 26.06.2018 година во 15:40 часот во полициската станица Центар М.Ј.(31) пријавил дека истиот ден околу 08:30 часот додека се движел со велосипед на улица „Македонија“ бил нападнат од кучиња-скитници и едно од нив го каснало во пределот на десната подколеница.

______________________________________________________________________________________________________

Македонија доби условен датум за почеток на преговорите следната година во јуни – Заев е задоволен

Условен датум за старт на преговорите е подобро од тоа да немате ништо. Бугарската министерка за надворешни работи како претседавач Европската унија ја поздрави вчерашната одлуката на министерскиот совет. Захариева признава дека очекувала похрабро решение од унијата но додава дека и ова е доволно за да му покаже на регионот дека заложбите на Брисел за […]

______________________________________________________________________________________________________

На полноќ направете го ова: Тоа што прво ќе го здогледате на Видовден ќе биде пресудно за вашиот живот

Видовден, еден од најголемите православи празници се празнува на 28 јуни. За Видовден кој посебно го слават Србите и Бугарите, се врзани многу интересни верувања, а на Видовден најмногу му се радуваат девојките, зошто ноќеска може да сонат со кого ќе се омажат. Имено се верува дека видовата трева, која од дамнина се сметала за […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски херој во Никити: Наши туристи заедно со Срби и Грци ваделе автомобили од морето

Во поплавените подрачја во грчките одмаралишта денеска туристите го минале така што со заеднички сили со надлежните служби ги ваделе потопените автомобили од морето. -Во Метаморфозис луѓето од Србија им помагаа на Грците да ги извлечат потопените автомобили од морето, а во Никити прв кој пришол да помогне на луѓето од автомобилите кои завршиле во […]

______________________________________________________________________________________________________

„Силвија“ ќе земе уште поголем замав: Доаѓаат поинтензивни врнежи од дожд

Врнежите ќе се интензивираат доцна попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден и локално за кратко време ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л//м2). Сето ова може да услови локални поплавувања а можни се зголемувања и на нивоата на реките и на езерата во државава. Локално […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓоко Танески заглавен во поплавите на Халкидики (ФОТО + ВИДЕО)

Пејачот од Охрид Ѓоко Танески објави фотографии на својот ФБ профил од кој се гледа дека е заглавен во објект на Халкидики, а под терасата на објектот тече река од силните врнежи од дожд.Грчките медиуми како и туристите објавуваат видеа и фотографии од поплавените улици и плажи.

______________________________________________________________________________________________________

TВ НОВА на Сеад Кочан официјално отиде во стечај

Телевизија НОВА, на обвинетиот бизнисмен, Сеад Кочан и официјално оди во стечај, објавено е денеска во дневниот печатСудијката Ирена Петрушевска. За стечаен управник е назначена Христина Јоновска од Скопје. Доверителите треба во рок од 15 дена да ги пријават побарувањата од стечајниот управник. Првото рочиште за испитување на побарувањата и извештаите од собранието на доверители […]

______________________________________________________________________________________________________

Дождот нема да престане до сабота

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд. Во петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во […]

______________________________________________________________________________________________________

Укината забраната: Алкохол ќе може да се купува во било кое време

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ. Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седница, се дозволува […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски во „Само вистина“: Ми беше жал кога го гледав насмеаното лице на Заев кога потпишува капитулација

Подготвуваме кривична пријава за сите потписници на ова капитулантско дело, изјави вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само вистина“. Мицкоски во неговото интервју зборуваше за договорот со Грција, кој го нарекува капитулански за Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и на следната седица за овој договор. Тој ја поддржа и одлуката на […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе нѐ биде!

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот Фејсбук профил се обрати откако Европската Унија одлучи да почне преговори со Македонија и со Албанија во јуни 2019 година под неколку услови кои треба да се исполнат до тогаш. – Ќе нѐ биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе нѐ биде. Колку повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Рама: Албанија никогаш нема да прифати бегалски кампови, макар и во замена да добие членство

Албанија отфрлa понуда за евентуална изградба на нејзината територија приемни центри за мигранти, кои се упатиле кон држави од Европската унија. Албанија никогаш нема да прифати такви бегалски кампови на ЕУ, па макар и од ЕУ да добие во замена членство, изјави премиерот Еди Рама во интервју за германски „Билд”. Рама додава во интервјуто дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш

„Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш“, е насловот на написот што го објави вчера „Gastronaut.hr“, најголемата хрватска веб база на ресторани и рецепти. Во текстот, чиј автор е Карин Мимица, професор и уредник на „Gastronaut.hr“, фокусот е ставен на нашето историско наследство и гастро-културата. Карин Мимица беше дел од тимот новинари од […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски туристи не побарале помош и не пријавиле штети по невремето во Грција

Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики. Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите. Од македонското Министерство за надворешни работи засега немаат информации за евакуирани туристи и пријавени материјални штети на возилата. Нема пријави ниту за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е сериозна закана по Македонија, која мора да биде совладана

Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана. Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. ЕУ вчера јасно ни даде до […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска невреме со пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 л/м2 за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1