25/06/2018 22:43
•
Posted by: MK News
Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага со совети на својата јатрва, Меган Маркл. Како што пишуваат британските таблоиди, Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага на Меган Маркл со совети за однесување при кралските церемонии. Доказ за тоа е и последниот инцидент, кога Меган се појави на балконот на Бакингамската палата со […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:42
•
Posted by: MK News
Македонските кошаркари Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски на професионалните профили на „Еуробаскет“ веќе се запишани како кошаркари од Северна Македонија. Перо Антиќ е македонски професионален кошаркар и член на македонската репрезентација. Во неговата професионална биографија се запишани клубови од земјава, Балканот но и САД каде е престиж за секој професионален спортист да настапува. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:40
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:37
•
Posted by: MK News
Полицијата во Белград трага по Фатима А. (38) од Јордан поради сомневање дека во Белград и Суботица преку секс заразила неколку луѓе со ХИВ вирус. Како што пишуваат српските медиуми по Фатима била распишана потерница откако во последните десет дена давајќи сексуални услуги за пари, довела до опасност неколку луѓе. – Засега не е познато […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:34
•
Posted by: MK News
Инспекција од Министерството за труд и социјала проверува дали Центарот во Велес можел да ја спречи трагедијата во која живи изгореа три деца.. За министерката Царовска, одговорноста на социјалните работници завршувала со исплата на социјални права, а тие семејството ги користело.. Земале социјално а добиле и еднократна парична помош.. Според Царовска, социјалните служби уште пред […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:26
•
Posted by: MK News
Група маскирани лица вечерва предизвикаа инциденти во центарот на Солун во делот пред објектот на солунскиот саем, каде што треба да се одржи политичката дискусија на тема „Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА. Со палки, дрва, мермер и камења маскираните лица ја нападнаа полицијата која во голем број го […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:24
•
Posted by: MK News
На планинскиот врв Кредарица во Словенија утрово падна снег. Иако календарски стаса летото, температурите на Балканскиот Полуостров се пониски од вообичаено за овој период на годината. Објектите кои се наоѓаат на врвот Кредарица кој е на 2.515 метри надморска височина се во целост под снег. Највисока температура на Кредарица е измерена на 27 јули 1983 […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:22
•
Posted by: MK News
Бензините поевтинуваат за денар, цената на дизелот не се менува, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека „еуросуперот“ од 95 октани ќе има цена од 71 денар. Цената на дизелот останува 63,5 денари за еден литар. Малопродажната цена […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:20
•
Posted by: MK News
Уште еден сведок кој дента на масакрот кај Смилковско езеро бил таму на риболов денеска сведочеше во судницата во Основниот суд Скопје. Тој е сосед на Филип, едно од убиените момчиња. Критичниот ден отишол на езерото околу 10.30, а заминал околу 17.30 часот. Сведокот кажа дека на заминување го видел возилото на Филип паркирано таму, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:19
•
Posted by: MK News
Пеачката Александра Пријовиќ и синот на познатиот тенисер Бобо и посинок на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ се венчаа на 21. јуни, ама за свадбата сѐ уште се зборува. На свадбата на која присуствувале голем број познати личности, како што дознаваат српските медиуми, младенците заработиле скоро 1. милион евра. Боба Живојиновиќ, таткото на младоженецит, свадбата го […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:15
•
Posted by: MK News
Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април. Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:12
•
Posted by: MK News
Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16.40 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип во близина на рудникот Бучим. Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:11
•
Posted by: MK News
Три куршума се испукани во насока на возило за кое се сомнева дека било управувано од две лица кои се бараат со потерница. Од МВР велат дека осомничените со нивното возило се упатени кон полицајците кои пак чувствувајќи се загрозени пукале кон осомничените, јавува телевизијата Алсат M. Но, жителите на Арачиново, очевидци велат дека припадници […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:07
•
Posted by: MK News
Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО. Вака премиерот Заев одговори на прашања од граѓани до 1ТВ за тоа дали ќе си поднесе оставка ако […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 10:52
•
Posted by: MK News
Почина познатата пијанистка со светска кариера Елена Мисиркова-Лоза, правнука на Крсте Петков Мисирков. Мисиркова беше интернационално реномирана македонска пијанистка, која е родена во Скопје. Средното музичко образование по пијано го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломира и завршува постдипломски студии по пијано на Државната музичка академија „Гнесини“ во Москва, Русија. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 10:19
•
Posted by: MK News
Мундијалот во Русија ја зема првата жртва и тоа во Индија, каде навивач на Аргентина се самоубил поради дебаклот од Хрватска (0-3). Дину Алекс бил голем навивач на Аргентина, ја нашле и пораката која ја напишал по поразот дека „нема причина за што понатаму да живее“. Телото на 30-годишниот Алекс од селото Аруманор било пронајдено […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 10:15
•
Posted by: MK News
Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање каде што просечната плата за април изнесувала 60.656 денари, што е прв пат просекот да надмине 1.000 евра. Втори на листата се вработените во секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.058 денари, а на трето место се вработените во секторот поизводство на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 10:12
•
Posted by: MK News
Почина скопската урбана легенда Илија Саздов, или добро познат како Жабарот. Тој беше сопственик на гостилницата „Кај Жабарот“ на Кејот 13 Ноември, место кое е жива легенда за овој дел од Скопје. Малкумина во градот го знаеја како Илија Саздов, но скоро сите го паметат по неговиот прекар- Жабар. Почивај во мир!
______________________________________________________________________________________________________