Archive by Author

Груевски утре ќе протестира пред затворот во Шутка

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд беше најавено дека утре протестот ќе се одржи пред истражниот затвор во Шуто Оризари каде се притворени осомничените за настаните на 27 април во Собранието. Протестот како и минатите денови, и денеска го предводеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој порано во текот на денот објави дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетиот Сами Љута од случајот „Монструм“ вечерва излезе од затвор – пречекан со аплаузи

Сами Љута, обвинет во случајот „Монструм“ вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четиритемина осудени, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд, објави порталот Порталб. Како што пишуваат од порталот, при излегувањето тој бил поздравен со аплаузи од најблиските. По него […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Поплава во подрумите на неколку државни објекти во Скопје

Пради обилните врнеж од дожд во текот на денешниот ден, поплавени се неколку објекти во Скопје В.д. директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац на својот Фејсбук профил објавува фотографии направени од театарот, а на кои се гледа Вардар кој се излеа на неколку места. – Си тече во фоајето, каде покривот не […]

______________________________________________________________________________________________________

Јеремиќ: Поранешниот македонски режим пере пари преку српската власт

Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ денеска ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и Војислав Спаравало, директорот на фирмата СЦМГ, која ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац. Јеремиќ во изјава за белградската „ТВ Наша“ вели дека чешката компанија […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетите за „Mонструм“ излегуваат од притвор

Врховниот суд ги одлучи да се бранат од слобода четворица од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро. По пет ипол години укинат е притворот за Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Хазири и Сами Љута. Врховен им одреди поблаги мерки. Не смеат да го напуштаат Скопје и два пати неделно да се јавуваат во судот […]

______________________________________________________________________________________________________

18 глумци ја откажаа „Ничија земја“ во МНТ заради поддршка на колегата Владо Јовановски притворен за 27 април

Осумнаесет глумци ја откажаа вечерашната изведба на претставата „Ничија земја“, во Македонскиот народен театар (МНТ) како поддршка на колегата Владо Јовановски, кој доцна попладнево доби мерка притвор од 30 дена како еден од 36. осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април, пренесува порталот […]

______________________________________________________________________________________________________

Прелиминарни резултати: Праљак починал од труење со цијанид

Холандските обвинители соопштија денеска дека прелиминарните резултати од аутопсијата укажува на тоа дека поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана Слободан Праљак починал од труење со цијанид. Во соопштението на холандските обвинители се наведува дека со токсиколошкиот тест во крвта на Праљак бил пронајден калиум цијанид.

______________________________________________________________________________________________________

Поранешниот советникот на Трамп, Мајкл Флин обвинет дека го лажел ФБИ

Поранешниот советник за национална безбедност на американски претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, е обвинет дека во јануари 2017 година дал лажна изјава на агенти на Федералното истражно биро (ФБИ). Како што јави Би-Би-Си во обвинениот се посочува дека Флин „доброволно и свесно” изнел „лажни, измислени и неточни тврдења” пред агентите на ФБИ на 24 јануари. […]

______________________________________________________________________________________________________

Српската премиерка и нејзината девојка работат на бебе

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓуриќ сакаат да станат мајки, ексклузивно дознава Курир.рс од извори блиски на двојката. Премиерката и докторката се во врска 8 години и сериозно размислуваат на дете. Со оглед на тоа што во Србија се уште не се признаени истополовите бракови и нема банка на сперма, се […]

______________________________________________________________________________________________________

За уште две лица преиначени решенијата од куќен во 30-дневен притвор

Кривичниот суд во Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица за настаните во македонското Собрание од 27 април. – Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе плаќаме сметки и за пречистување на водата

Дали граѓаните во Скопје и во 37 општини во земјава ќе пијат поскапа или поевтина вода од 1 јануари ќе одлучат советите на општините и градот, но цената нема да може да се движи под минимално и над максимално утврдената од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Регулаторната комисија за енергетика ги објави решенијата за утврдување […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири возила заглавија кај Матка, патниците навреме спасени

Четири возила се заглавени во 1 метар длабока вода под подвозникот кај клучката „Матка“ во близина на бензинската станица „Бис Оил“. Како што известуваат градските служби, за среќа патниците во возилата навреме биле извлечени од пожарникарски екипи. Подвозникот е полн со вода од обилните врнежи и дефект на водоводна мрежа.

______________________________________________________________________________________________________

Швеѓанин е осуден за „онлајн силување“ на 27 деца

Суд во Шведска го осуди Швеѓанецот Бјорн Самстром (41) за сексуално злоставување преку интернет, откако во периодот од 2015 до 2017 година присилував деца од Канада, во Велика Британија и во САД да извршуваат сексуални чинови пред веб камера. За да ги добие видеата и фотографиите тој им се заканувал на децата дека ќе ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Што се договара во „Вила Водно“- Иванов и синоќа ги свика лидерите

До три часот наутро траеше средбата кај Претседателот Иванов со Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и собранискиот спикер, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Вели дека теми на разговорот биле стратешките прашања, проблемот со името на државата, приклучувањето кон Европската унија и политичката состојба во државата. Од Кабинетот на Иванов во писменото соопштение пишуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец припадник на руска мафија уапсен во „Сити Мол“

Скопјанец, припадник на руската мафија попладнево бил уапсен од страна на македонските безбедносни служби, објави денеска НетПрес. Првичните информации на порталот велат дека триесет и четиригодишниот скопјанец бил фатен додека седел во кафулето „Бруклин“ во „Сити Мол“. Според неофицијални полициски извори, станува збор за лицето Александар Драговиќ, кој два пати бил осудуван за убиство во […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Излеана вода на патот Маврово-Галичник, магла кај Страцин и Плетвар

Поради излевање вода на коловозот отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма. Поставена е соодветна сигнализација и се препорачува тој пат да не се користи до санирање и нормализирање на сообраќајот, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечениот извештај за состојбата на патиштата. Се уште на терен се […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски најави оставка – се повлекува од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски најави повлекување од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ. По 14 години како лидер, претседателот на најголемата опозициска партија во интервју за Курир вели дека оставката ќе ја поднесе пред органите на партијата. Очекува на вонреден конгрес да биде избран нов претседател. – Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Шест лица од Македонија и Србија уапсени во врска со најголемата лабораторија за дрога на Балканот

Шест лица од Македонија и Србија се уапсени во синоќешната заедничката операција на двете земји, а со поддршка на американската ДЕА, на подрачјето на Тетово, во разбивање криминална група и откривање на најголемата лабораторија за производство на синтентичка дрога на Балканот. – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и јавен обвинител од Основното […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1