Archive by Author

Можна е забрана за гиро и ќебапи во ЕУ, Грците во неверица

Грците со неверување ја примија веста дека постои можност Европската унија поради безбедност да забрани ќебапи и гиро, а #Free_Giros стана тренд на грчки Твитер. – Дозволија конзерванси секаде, бомбардираат мали деца, но им пречи гиро…Ќе почнеме ли да јадеме гиро скришно и нелегално во подруми и во скриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се утврдува одговорноста за штетите од дождот врз „Скопје 2014“

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на денешната прес-конференција ги потенцираше штетите направени во Македонскиот народен театар и други објекти, предизвикани од дождот. Според него, тие се уште еден доказ за тоа дека објектите од „Скопје 2014“ се правени бесправно, дилетантски и се опасни за употреба. „Размислуваме да формираме уште една консултантска работна група за проектот […]

______________________________________________________________________________________________________

Драган Спасов: Ќе ги казнам глумците што не ја одиграа преставата

Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац синоќа на својот фејсбук профил објави дека сите актери ќе бидат казнети затоа што не ја одиграле преставата „Ничија земја“ како поддршка на приведените глумци. „Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Партијата ќе организира вонреден конгрес на кој ќе се избере претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки […]

______________________________________________________________________________________________________

Се роди првото бебе од трансплантирана матка

Во САД е родено првото бебе од трансплантирана матка, соопшти болница во Тексас, каде е родено бебето. Жената, која е родена без матка, се породи во универзитетскиот здравствен центар „Бејлор“ во Далас. Портпаролот на болницата Крек Сиволи потврди дека бебето е родено од трансплантирана матка во Тексас, без да наведе повеќе детали, најавувајќи дека в […]

______________________________________________________________________________________________________

Тони Михајловски: Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење

Директорите се листопадни. Како и владите. Се надевам казната за колегите нема да е смрт со бесење. Мада… – напиша актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил откако в.д. директорот на МНТ, Драган Спасов Дац одлучи да ги казни актерите кои вчеравечер не ја одиграа претставата „Ничија земја“. Актерите во знак на поддршка на својот […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Може да се излеат Вардар во Полог и Треска кај Пласница

Врнежите од дожд кои во изминатите денови ја зафатија Македонија предизвикаа зголемување на водостојот на реките и го отежнаа сообраќајот на неколку патни правци. УХМР информира дека во текот на денешниот ден повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што водостоите на реките и понатаму ќе останат високи. Можни се локални излевања во горниот дел […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката за „Монструм“ и притворот за Дамовски и Јовановски

Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам. Како услов за да се бранат од слобода за грозоморното убиство на петте момчиња кај Смилковско езеро, судот им определи мерка два пати во неделата да се јавувале кај надлежниот судија.Истото тоа судство вчера ги преиначи мерките домашен притвор за актерот Владо Јовановски и режисерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Прегазени двајца пешаци, помладиот (23) почина на место

Вчера во 18.42 часот во Скопје на ул.„Јадранска магистрала“, патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М.(58) од село Орман удрило во пешаците А.Н.(23) од Гостивар и З.А.(68) од село Дебреше, гостиварско. Истите биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“ каде во 19.20 часот од страна на доктор била констатирана […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимателно возете, поради поплавите во прекин сообраќајот на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато пo влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Страцин и до 150 м. на планинскиот премин Плетвар. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Германец протеран од Македонија

Вчера во 13,30 часот во Полициска станица Карпош е приведен Д.Ф. (46) од Р.Германија. Истиот е приведен по локален распис од Полициска станица Карпош од 01.12.2017 година. На истиот му е изречена мерка „Протерување од РМ“ во траење од 5 (пет) години и истиот ќе биде спроведен до граничен премин Деве Баир.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец почина во џамија во Чаир

Вчера во 12,52 часот во Полициска станица Чаир, од страна на лекар од Итна медицинска помош е пријавено дека на ул.„Душко Поповиќ“, во џамијата починал С.Ј.(77) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Татко и син (8) прегазени во Скопје, со тешки повреди префрлени во болница

Синоќа во 19.00 часот на улица „Перо Наков“ патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(29) од Скопје, удрило во пешаците Б.Д.(41) и едно осумгодишно дете од Скопје. Б.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани телесни […]

______________________________________________________________________________________________________

Србин се обеси во куќа во Пробиштип

Вчера во 18,00 часот во Полициска станица Пробиштип, Г.Ц. пријавил дека го пронашол телото на неговиот пријател Д.Т.(44) од Крагујевац – Р.Србија кој извршил самоубиство со бесење во зграда во изградба лоцирана на ул.„Тодор Александров“ . Смрт е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Пржино: По страотен пожар, девојче (10) заедно со родителите згрижени на Токсикологија

Изгаснат е пожарот кој вчера избувна во подрумските простории на зграда во населбата Пржино. Повредени се три лица кои вдишале чад и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, јавува МИА. Станува збор за мајка и татко кои се пренесени на Клиниката за токсикологија, а 10-годишното дете од Токсикологија е препратено на Детската клиника. Директорот […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж запалил дел од град обидувајќи се да имитира телевизиска емисија

Пожарот што уништи 21 зграда во градот Кохос во државата Њујорк, бил предизвикан од страна на Американецот Џон Гомез (51), кој се обидувал да го имитира она што ги видел на телевизиската емисија „Форџд ин фајр“, каде учесниците се натпреваруваат во ковење на мечеви. Гомез, во четвртокот запалил оган во метално буре, но огнот се […]

______________________________________________________________________________________________________

Наполнија 2 години – водителот Ненад Ѓоргиевски го прослави роденденот на близнаците

Популарниот македонски водител Ненад Ѓеоргиевски на својот Инстаграм профил објави фотографија од вториот роденден на своите деца, близнаците Иво и Љупка. Роденденот го прославиле со хартиена торта, во градинка, како што сега е тренд, а потоа забавата продолжила за семејството и пријателите.

______________________________________________________________________________________________________

Отежнат сообраќајот на неколку патни правци- еве каде

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва соопшти дека отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради обилните врнежи од дожд и одрони на патот. Претходно, информираше дека не е проооден и локалниот пат од селото Железнец до селото Мало Илино во Демир Хисар и оти отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1