16/10/2017 00:02
•
Posted by: MK News
Петре Шилегов вечерва изјави дека зборот е збор и дека Скопје не е вмровски град. „Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните. Останатите општини ширум земјата од вечерва ги враќаме на граѓаните на Република Македонија. Скопје повторно се раѓа. Ова е голема победа за Скопје“ – рече Шилегов. Тој рече дека граѓаните покажаа дека не […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 00:00
•
Posted by: MK News
Мексиканскиот левичарски политичар Ранфери Ернандес Асеведо убиен е и запален заедно со сопругата, нејзината мајка и возачот, соопштија од јужната држава Гереро. Телата на жртвите се најдени во сабота вечер покрај патот, а полицијата за сега нема осомничени. Ернандес Асеведо (50) беше еден од основачите на левичарската партија во Мексико, Демократска револуција, и беше лидер […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 00:00
•
Posted by: MK News
Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера и беа креирани нефер услови во кои што се одвиваше изборната кампања. Во предизборието имаше физички пресметки, убиства, закани, притисоци. Од официјални државни органи имаше закани врз нашите кандидати за градоначаланици. Се креираше атмосфера на страв и заплашувања со кое се трудеа да влијаат на луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:57
•
Posted by: MK News
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека животот во Каропш почнал со насилие и дека братот на Есад Рахиќ дошол со нож за физички да се пресмета во партискиот штаб. Тој нагласи дека нема да дозволи новата власт да спроведува насилие и дека не им се плаши. -Заев ти си криминалец и со криминалци се […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:55
•
Posted by: MK News
Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ вечерва упати порака до лидерот на партијата Никола Груевски да поднесе оставка и да овозможи демократски процес во партијата и одржување демократски конгрес на кој членовите слободно ќе го изберат својот нов лидер. Александар Михајловски од рефармоторското крило на ВМРО-ДПМНЕ упати и порака до СДСМ да се воздржи и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:53
•
Posted by: MK News
Како претседател на партијата имам највисока одговорност за изборните резултати, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој рече дека во текот на изборниот ден имало низа нерегуларности. Исто така, Груевски рече дека ќе следи анализа на изборите и на резултатите со цел да се утврди што друго, освен, како што рече, изборните нерегуларности, од страна […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:21
•
Posted by: MK News
Владејачката СДСМ прогласи победа во прв изборен круг во Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Дебарца, Делчево… „Во Македонија денеска по долго време се гласаше без притисоци и граѓаните слободно ја изразија својата волја. Согласно изборната волја на граѓаните, СДСМ и коалицијата има водство и извесна победа во следните општини – […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:18
•
Posted by: MK News
Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во скопски Карпош, пишува Република Со тупаници и шамари физички го нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски. Според информациитедо кои стигна Република, биле употребени и ножеви и лисици. Јакимовски претходно […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:15
•
Posted by: MK News
Оваа победа е за нас да имаме што подобар живот, подобар за сите. Бидете среќни и спокојни, во Струмица ќе има слобода и живот за сите, изјави вечерва новиот струмички градоначалник, специјалистот по интерна медицина, Коста Јаневски. Тој им се заблагодари на своите сограѓани кои во голем број излегле на денешните локални избори и го […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:13
•
Posted by: MK News
СДСМ прогласи победа во прв круг во општина Аеродром. Ова вечерва на прес конференција која е во тек го соопшти пратеничката Ивана Туфегџиќ.
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:10
•
Posted by: MK News
СДСМ и Коалицијата прогласија победа на Локалните избори во Битола. Во своето обраќање до јавноста кандидатот за градоначалник Наташа Петровска истакна дека победи програмата и поддршката за, како што рече, чесни луѓе да ја водат Битола. – Копнежот се оствари. Битолчани победија. Се враќа животот во Битола за сите. Им честитам на сите што учествуаа […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:09
•
Posted by: MK News
Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово, од редовите на СДСМ, предмалку на фејсбук прогласи победа. „Победија Кумановци во прв круг… Победија граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Хрвати… КУМАНОВЦИ… ЗА ЖИВОТ ВО КУМАНОВО И МАКЕДОНИЈА. Ви благодарам почитувани на подршката, со Зоран Заев до конечна победа на Македонија, членство во НАТО и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:08
•
Posted by: MK News
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва на прес-конференција објави победа на кандидатите за градоначалници на ДУИ во прв круг во општините Кичево и Пласница. Оцени дека изборите се одвиваа мирно, без изразени неправилности. Според него, на ниво на државата секаде водат кандидатите на ДУИ и, како што рече, тоа ќе биде 11 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:07
•
Posted by: MK News
Жика Стојановски е старо-новиот градоначалник на општина Илинден. Според информациите, резултатот е 2:1 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно 5200, наспрема 3200 гласови. И на Фејсбук страницата на Стојановски, веќе е објавена победата.
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:05
•
Posted by: MK News
– Граѓаните меѓу резултатите и приказните, ги одбраа приказните. Дали направиле вистински избор ќр видиме за 4 години – рече кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:04
•
Posted by: MK News
Според извори од Алијанса за Албанците на Зијадин Села нивните претставници се победници во во првиот круг во Струга и Гостивар, а во втор круг влегуваат во Боговиње, Врапчиште и Арачиново и најверојатно во Дебар. Од Алијансата за Албанците најавија дека за половина час во седиштето на партијата во Тетово ќе одржа и прес-конференција со […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:03
•
Posted by: MK News
Според последните информации на Државната изборна комисија, од 20,95 отсто обработени гласови, СДСМ е во водство во 41 општина, а ВМРО-ДПМНЕ води во 14. Според преброени 20,95 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на СДСМ имаат водство во Бутел, Битола, Богданци, Гевгелија, Куманово, Велес и Дојран. Во Тетово, Теута Арифи од ДУИ е во водство […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2017 23:02
•
Posted by: MK News
Од 85 отсто пребројани гласови во Кисела Вода, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Филип Темелковски води со 1.400 гласови наспроти неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, потврдија од СДСМ за „Фокус“.
______________________________________________________________________________________________________