Archive by Author

Богдановиќ победи во Центар во прв круг

Саша Богдановиќ во изјава за Макфакс изјави дека според сите анализи убедлива е победата во Центар во првиот круг.

______________________________________________________________________________________________________

Богоев:Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош, Стефан Богоев вечерва изјави дека со задоволство му го честита поразот на Стевчо Јакимовски, најавувајќи ревизија на финасиското работење на општината. – Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје и во Република Македонија. Докажаа дека знаат достоинствено, чесно и културно да го поминат изборниот ден, […]

______________________________________________________________________________________________________

Почнува регуларната грејна сезона – „БЕГ“ се обврзува температурата во домовите да биде најмалку 20 степени

Почнува регулираниот период од грејната сезона. Испораката на топлинска енергија до домаќинствата се врши по строго утврдени правила. Ако температурите надвор се пониски БЕГ има обврски да испорача поголеми количини и обратно се со цел на граѓаните да им се обезбеди конфор во домовите. Согласно стандардите и правилата температурата во домовите треба да биде минимум […]

______________________________________________________________________________________________________

Го нападнал соседот со нож зошто му пречел паркираниот автомобил

Како што информираат од полицијата, вчера во 21:20 часот во Скопје А.Н. (43) пријавил дека пред својот дом на улица Миладин Поповиќ бил физички нападнат од страна на неговиот сосед З.З. (30), кој при нападот имал нож во раката. „Откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот, на З.З. му паднал ножот, а го […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент на Арената Филип Втори

На Арена Филип Втори вчера во 15.00 часот каде се одигрувал фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија од страна на Б.М.(18) и К.Х.(19) нарушен е јаниот ред и мир со меѓусебна тепачка на тој начин што истите си задале по неколку удари во пределот на лицето и телото. Од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за тепачка на гласачко место во Бутел

Во Основото училиште „Петар Здравковски- Пенко“ во скопската општина Бутел денеска околу 10 часот се случила тепачка помеѓу две лица, за време на гласањето. -Во момент на напуштање на училишниот двор дошло до нарушување на јавен ред и мир помеѓу 32- годишниот Г.Н. и 48- годишниот Г.Т. поради претходна расправија и несогласувања. Интервенирала и полицијата, […]

______________________________________________________________________________________________________

Прекин во Аеродром, гласач по грешка две ливчиња ставил во една кутија

На едно избирачко место во општина Аеродром имало прекин во гласањето, откако еден гласач кому му биле дадени четири гласачки ливчиња, а кога ги ставал во гласачките кутии кај себе имал само три, потврдија од Државната изборна комисија. Од ДИК контактирале со претседателот на Општинската изборна комисија во општина Аеродром кој ги информирал, по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Запалено училиште во Македонски Брод

Во село Косово, во Македонски Брод вчера во утринските часопви ОУ„Климент Охридски“ е надворешно опожарено, при што оштетени се прозорци и влезната врата од училиштето. Во врска со настанот приведен е Д.К.(35) од село Косово – Македонски Брод, поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

______________________________________________________________________________________________________

Почина затвореник на скопските клиники

Во Клинички Центар „Мајка Тереза“, вчера во 10:14 часот поточно на Клиниката за Неврологија, починало осуденото лице С.С. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и град Скопје

Денешните локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Град Скопје. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на Локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија. Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во […]

______________________________________________________________________________________________________

Изборите ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи

Локалните избори во Македонија ќе ги следат 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, како и шест странски новинари, акредитирани од ДИК. Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 2.843 потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829, Цивил – Центар за слобода 191, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Триесет дена притвор за напаѓачот во поштата во Тетово

Триесет дена притвор му определил судија од Основниот суд во Тетово на тетовецот Н.Ќ. (57) кој вчера повреди три лица, две со нож и едно со стакло од кршење на шалтерот во тетовската пошта, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Против Н.Ќ. тетовската полиција претходно поднела кривична пријава за убиство во обид. Тој вчера […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Кичево излезеноста на гласање до 10 часот е седум проценти

Во Кичево изборниот процес се одвива без поголемии пробеми, на време се отворени сите 116 избирачки места, а до десет часот излезеноста на гласачите е седум проценти. – Има некои проблеми бидеќи многу печелбари иако имаат валидни документи ги нема во избирачкиот соисок, тие реагират кај нас, но ние во моментот не можеме да им […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Гевгелија до 10 часот гласале 13,5 отсто, во Богданци и Дојран 11,3 отсто, во Валандово 9,9 отсто

Гласањето на шестите локални избори во општините од југоистокот на Македонија се одвива мирно и без проблеми, потврдија од општинските изборни комисии во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Најголема е излезеноста во општина Гевгелија, каде што до 10 часот на 37 избирачки места гласале 13,5 отсто од евидентираните гласачи или 2.623 граѓани. На 12 гласачки […]

______________________________________________________________________________________________________

До 10 часот во Битола гласале 16,8 од избирачите

Во општина Битола до 10 часот на 170-те гласачки места излегле 16,8 проценти од избирачите евидентирани на единствениот избирачки список. Претседателот на ОИК-Битола Зоран Насев истакна дека гласањето почна навреме и се одвива без пречки, а право на глас имаат 83.616 лица.

______________________________________________________________________________________________________

До 10 часот во Охрид гласале 5,2 отсто, во Струга 6,6 отсто од гласачите

На Локалните избори во Охрид до 10 часот гласачкото право го искористиле 5,2 отсто од граѓаните. Од ОИК информираат дека изборниот процес се одвива без регистрирани какви било нерегуларности. Во Општина Дебрца до 10 часот на гласање излегле околу 15 проценти од гласачите, а изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера. Гласањето непречено […]

______________________________________________________________________________________________________

Застрашувачка снимка од она што пилотите го гледаат, а патниците не

Пилот од авионската компанија Qatar Airwaysa Sandeep Varma на својот Твитер профил го објавил слетувањето со авион на аеродромот Квинстон во Нов Зеланд. Ако се плашите од летање, тогаш ова видео не треба да го гледате. Пилотот го објавил она што тој го гледа за време на летот, а патниците не.

______________________________________________________________________________________________________

Ураганот Офелија ѝ се заканува на Европа, ќе ги подигне температурите повисоко од нормалните

Офелија е десетти последователен ураган што оваа година се формирал над Атлантикот, откако тропската бура денес се засили и премина во ураган од прва категорија. Овој ураган уште повеќе ќе ги зголеми температурите во Европа, велат британските метеоролози. Со ова е изедначен рекордот од пред еден век, кога толку голем број на урагани во една […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1