Секта од Австралија наплаќа по 5000 долари од лице, за влез во бункер кој би требало да го преживее крајот на светот.
Според проповедањето на сектата во декември, ќе има масивни земјотреси, поплави, пожари и ерупции на вулкани, кои ќе бидат последица од промената на половите на планетата, предизвикано од огромна соларна бура.
Веб-сајтот на групата која постои уште од 2002, во последните неколку години доживува вистински бум со над 28,000 кликови на дневно ниво, додека местата за бункерот се скоро пополнети. Филмовите како „Денот после утре“ и „2012“ само допринесуваат за дополнителна хистерија, објави dailytelegraph.
Хистеријата и масивната паника отиде до таму, што НАСА мораше да ги остави важните работи како истражување на вселената и пронаоѓање на нови технологии за подобар живот на планетата и вон неа, за да искочи со текст од скоро 200 страници кадешто најдобрите научници на денешницата објасниваат дека 2012 е чиста глупост, смислена од група секти, како и од хипи движењето и дека не постојат никакви шансто тоа да се случи оваа година.