Archive | Балкан RSS feed for this section

Мајка и дете скокнале од 4 спрат за да се спасат од огнот – загинале на лице место

Во пожар кој избувнал рано утринава во Српската населба Бежанска Коса, загинале две лица, жена и дете. Според српските медиуми до пожар дошло во 8 и 20 утринава. „Две екипи излегле на терен, а лекарите можеле само да констатираат смрт кај жената и детето“ пишува Курир.рс. Според првичните неофицијални информации се работи за мајка и […]

______________________________________________________________________________________________________

Разрешен албанскиот претседател Илир Мета

Албанското Собрание го прифати предлогот на владејачките социјалисти со двотретинско мнозинство и го разреши од должноста претседателот на државата Илир Мета. Партијата на премиерот Еди Рама предложи тој да се смени откако Мета го поништи указот за распишување на локалните избори за 30 јуни. За да стане конечна, одлуката на албанскиот парламент мора да биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Загрозени над 15.000 луѓе – епидемиолозите во Србија предупредуваат, ќе почнат да се шират зарази

Во подрачјата кои се поплавени во Краљево и Чачак загрозено е здравјето на над 15.500 луѓе, бидејќи им се заканува дезентерија, заразна жолтица и црвена инфекција предизвикана од салмонела, шигелема и ешерихија коли. Причината за тоа се измешаните бунарски води со фекалиите од септичките јами, а и многу животински лешеви кои исто така се извор […]

______________________________________________________________________________________________________

Дачиќ се приклучи на предизвикот “Косово е Србија” (ФОТО)

“Косово е Србија” е најнов предизвик на социјалните мрежи. Според овој предизвок, оние кои го прифаќаат треба на банкнота од еден или пет евра да се напише „Косово е Србија“. Според предизвикот покренат од Српската страна, одкако ќе се напише на банкнотата „Косово е Србија“, со истата треба да се купи нешто, и да се […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Имал само 20 години – Ова е убиеното момче синоќа во Белград

Мигрант од Авганистан синоќа е убиен во Белград, пренесува „Курир.рс“ 20- годишниот мигрант последен пат бил виден неколку часа порано, а според неофицијални извори пред кафуле во Белград настанала тепачка, а потоа еден од нив со нож го прободел во гради. Полицијата уапси 17-годишен Авганистанец за убиството, се очекуваат повеќе детали.

______________________________________________________________________________________________________

Поскапуваат патарините во Србија

Владата на Република Србија предложи да се зголеми цената на патарините во земјата за 12 проценти. Според локалните медиуми, повисоката цена ќе се примени кога пратениците во Српското собрание ќе го усвојат Предлог законот за такси за користење на јавните добра. Овој предлог Владата на Србија го усвои на последната седница и го испрати по […]

______________________________________________________________________________________________________

Поплава во Србија – за една ноќ паднал дожд колку за еден месец

Вонредна состојба е прогласена во 12 српски општини по обилните дождови што погодија неколку делови од централните и јужните делови на земјата. Од речните корите се излеани повеќе водни текови, поплавувајќи земјишта и села.Спасувачките екипи и тимовите за вонредни состојби се на теренот, а на некои мета ангажирана е и армијата. Метеоролозите објаснуваат дека за […]

______________________________________________________________________________________________________

Вулин „распали” по Пендаровски: Ако молчиш за „Голема Албанија” молчи си и за Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му порача на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека не треба да се занимава со тоа како Србија ќе го реши проблемот со Косово и особено да не зборува за Голема Албанија. По изјавата на Пендаровски дека идејата за корекција на границите помеѓу Белград и Приштина е незамислива и грозна, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ослободени уапсените Срби на Косово

Сите шест Срби, кои беа уапсени од специјалните сили на косовската полиција во вторникот во Зубин Поток, беа ослободени вечерта, објави Радио Контакт Плус. Тие биле ослободени од обвинението откако судијата на Основниот суд во Косовска Митровица, Лилјана Стевановиќ, го одбила барањето на Косовското обвинителство да наложи притвор.. Радио Контакт Плус наведува дека судијката оценила […]

______________________________________________________________________________________________________

Косовските специјалци го завземаат езерото од кое Србите се снабдуваат со вода (ВИДЕО)

Косовските специјалци тргнаа кон освојување на една од најголемите стратешки точки а тоа е езерото Газивода. Специјалците на РОСУ во оклопни транспортери тргнаа кон акумулацијата од која српското население на Северот се снабдува со вода, а се користи и како излетничко место. Погледнете како тече освојувањето.

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ објави дека западните сили реагирале на акцијата на РОСУ

Запад застана на страна на Србите. Александар Вучиќ од Собранието објави дека западните сили реагирале на акцијата на РОСУ во Зубин Поток. Само што ми стигна информацијата дека западните сили реагирале на акцијата на РОСУ во Зубин Поток и рекле дека акцијата нема врска со борбата против корупцијата, туку дека се работи за пречекорување на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: 10 специјалци на РОСУ апсат еден Србин

Во Северна Митровица утринава во 06:10 часот се огласиле сирени по повод упадот нба специјалните албански сили РОСУ на северот од Косово. Специјалците на РОСУ во три колони вооружени со долги цевки утринава уапсила најмалку 6 лица, а потоа стигнала вест, која во Собранието ја потврдил и претседателот Вучиќ, дека во утринската акција досега се […]

______________________________________________________________________________________________________

Албанци, Срби и Бошњаци уапсени во операцијата на косовската полиција

Полицијата на Косово го потврди апсењето на неколку полициски службеници во обемната операција што започна утрово и информира дека тие се од различна етничка припадност. Во своето најново соопштение, полицијата информира дека акцијата продолжува и се одвива во повеќе косовски региони. – Полициската операција, која се спроведува во неколку региони, меѓу кои и во општините […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: На Косово уапсени 23 лица, Срби и Бошнаци, претежно членови на косовската полиција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција. Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“. Вучиќ во српскиот Парламент рече дека досега на […]

______________________________________________________________________________________________________

Тачи ги повика косовските Срби да ја поддржат борбата против организираниот криминал

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани и ја повика српската заедница да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. – Институциите на редот и законот имаат потреба од доверба и максимална поддршка на целото општество во борбата против организираниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пацоли: Србија да не злоупотребува една вообичаена полициска операција

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека косовските граѓани уапсени во денешната полициска акција во северно Косово се „дел од мрежа која е длабоко вмешана во шверц, корупција, злоупотреба на службена должност и други видови организиран криминал“. Пацоли, кој учествува на состанокот во Братислава на министрите за надворешни работи на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Прва снимка од апсењето на Србите во Косово – луѓето го блокираат патот за РОСУ да не ги одведе уапсените

Припадниците на РОСУ единицата утринава во околу 6 часот упаднаа во населбата Бошњачка махала и уапсија припадници на КПС од српска националност. Акцијата е изведена во сите четири општини на Косово. Во Зубин поток народот се собрал, а како што пишуваат српските медиуми блокиран е патот за припадниците на РОСУ да не можат да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Косово, има и ранети – албанските специјалци нападнаа и граѓани

До заби вооружени албански специјалци во овој момент ги напаѓаат Србите на влњезот во Зубин Поток и кај клисурата и се обидуваат да влезат во тоа место, изјавил директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија. Тој рекол дека екстремисти, преоблечени во полициски униформи на РОСУ, во Зубин Поток напаѓаат недолжни и невооружени граѓани, оценувајќи ја […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1