27/02/2016 22:18
•
Posted by: MK News
Четири лица се повредени во сообраќајната незгода која се случи попладнево на излезот од Прилеп, на патот за Битола, јавува Шеталиште.ком. Сите лица се пренесени во Градската болница во Прилеп, а едно од нив е тешко повредено со скршена карлица и граден кош. Сообраќајката се случила помеѓу југо и комбе. Патот е се уште блокиран.
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 13:26
•
Posted by: MK News
Според полициските информации, едната жртва е дваесет и петгодишниот Александар А. од штипското село Карбинци, кој патувал во патничкото возило, а втората жртва е Павлина Г. (72) од село Раброво, која била сопатник во товарното возило, објави „Телеграф“. Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 13:21
•
Posted by: MK News
Како што информира полицијата, со скокање од тераса од сопствениот дом самоубиство извршил Ване К. (54). Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на полициската станица-Охрид, а по наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2016 13:18
•
Posted by: MK News
Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево. Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделениже во болницата во Струмица. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2016 12:00
•
Posted by: MK News
На 25.02.2016 година околу 16.00 часот во Прилеп на ул.„Трајко Николовски“, кај гаражите на ЈКП„Комуналец“, покрај брегот на реката бил пронајден машки леш во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Прилеп. По наредба на ЈО, над лешот ќе биде извршена обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2016 14:29
•
Posted by: MK News
Единаесет лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Битола-Демир Хисар меѓу автомобил „Мерцедес“ и автобус „Форд Транзит“ , двете со битолски регистарски ознаки. Во незгодата возачот на автобусот З.Д.(47) се здобил со тешки телсни повреди(фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2016 16:19
•
Posted by: MK News
Во објект на улицата „Гоце Делчев“ во Струмица П.П. (64), од Струмица, кој бил ангажиран за реновирање на кровна конструкција, од непознати причини паднал од кровот во висина од 9 метри. Со Итна медицинска помош бил пренесен во болница во Струмица каде од здобиените повреди во 15.45 часот починал. Увид на местото на настанот извршиле […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2016 18:17
•
Posted by: MK News
Вчера во 12.00 часот во Полициската станица во Центар М.Т. пријавила дека претходната вечер околу 22.00 часот на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот малолетен син заедно со неговите другари биле физички нападнати од група од пет-шест други лица на возраст од околу 20 години.
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2016 10:15
•
Posted by: MK News
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп. Животот го загубил 39 годишниот прилепчанец Рубинчо Димоски, пренесе МИА. Според јавниот обвинител Маријана Илиеска, автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот, Рубинчо Димоски, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2016 09:08
•
Posted by: MK News
Вкупно 70.000 денари се украдени синоќа, околу 20 часот, од спортската обложувалница „Спорт Лајф“ на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, соопшти полицијата. Разбојништвото го извршило непознато лице, со фантомка на главата и вооружено со пиштол, по што избегало со возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници го пронашле возилото и лицата кои биле […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2016 20:48
•
Posted by: MK News
Вчера од 12.45 до 13.20 часот во Скопје кај Транспортен Центар, на паркингот под надвозникот до депото на Пајак Служба, во неколку наврати од неколку лица физички биле нападнати малолетни ученици во СУГС „Димитар Влахов“. Се преземаат мерки за расчистување на настаните и пронаоѓање на сторителите.
______________________________________________________________________________________________________
19/02/2016 16:19
•
Posted by: MK News
Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Охрид дошла Љ.К. (54) од Битола и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид и на ул. „Питу Гули“ во Битола. Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 15:32
•
Posted by: MK News
Пред влезот на средното угостителско училиште „Лазар Танев“, ученик од трета година физички бил нападнат од тројца ученици од истото училиште, со кои бил и 19-годишниот М.Д., инаку поранешен ученик во СУГС. МВР соопшти дека напаѓачите се приведени во ПС-Карпош. Со возило на Итна медицинска помош нападнатиот ученик бил пренесен во Клиничкиот центар за укажување […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2016 15:31
•
Posted by: MK News
Седумдесет и осумгодишниот Б.А. од Велес исчезнал откако на 14. февруари со такси возило тргнал кон Општата болница во градот. Неговото исчезнување во полиција го пријавила неговата снаа. Имено, старецот се симнал од возилото во Градско и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости кај неговата внука. Оттогаш му се губи трагата. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2016 14:11
•
Posted by: MK News
Вчера утро во автобус на ЈСП, кој се движел, пукнал ладилникот за вода при што со повреди се здобил А.А. (23) , како и други четири лица-патници од автобусот. Несреќата се случила во 9 часот и 20 минути на автобус на ЈСП кој бил во движење, му пукнал ладилникот за вода, при што со изгореници во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2016 14:08
•
Posted by: MK News
Вчера наутро околу 09,30 часот во ПС-Радовиш С.Г. (42) од Радовиш, пријавила дека движејќи се по улица ,,8 Септември“ непознато лице физички ја нападнало и извршило полово дејствие над неа. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2016 14:02
•
Posted by: MK News
Вчера во 12.40 часот во ПС-Кичево А.Ш. (30) од Кичево пријавила дека на 14 февруариод дома во непознат правец се оддалечила нејзината шеснаесетгодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2016 11:37
•
Posted by: MK News
Во скопско Радишани, во понеделник се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загубило животот, објави Макфакс. Несреќата се случила во 9.40 часот на крстосницата од улиците „Радишанска“ и „Боро Краљевски“ во која учествувале две патнички моторни возила, „југо“ и „мазда“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. По незгодата возачот и […]
______________________________________________________________________________________________________