Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Струмица: Гробари сквернавеле починати лица – го краделе златото со кое се закопани

Кривична пријава е поднесена против двајца гробари, Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „сквернавење на умрен“. Како што информираат од полицијата, гробарите вработени во погребален оператор во Струмица, одземале златен накит од гробовите. Двајцата гробари при ископи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Охриѓанец пронајден мртов кај Горица, телото дадено за обдукција

Осумдесет годишниот охриѓанец Д.М. вчера околу 11:20 часот бил пронајден мртов на местото викано Горица во Охрид. Безживотното тело го птонашол П.П.(57) кој ја повикал полицијата која извршила увид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Мртов маж пронајден на тротоар во Карпош

Починато машко лице чиј идентитет засега не е познат, е пронајдено утринава на тротоар во скопски Карпош. Според првичните информации со кои располага МВР, настанот е пријавен околу 8 часот утринава од страна на итната медицинска помош. Мртвиот маж кој утринава беше пронајден на тротоар на булеварот „Партизански одреди“ починал од природна смрт. Како што […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетници нападнати во Ѓорче Петров

Тинејџери биле физички нападнати од страна на три непознати лица без повод и причина во Ѓорче Петров ноќта во сабота спроти недела. Случај во полиција го пријавил Е.С.(49), според кого во саботата околу 21.00 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец на својот роденден доживеа вистински пекол

Во Полициската станица во Ѓорче Петров во 00.30 часот Е.С.(49), пријавил дека на 05.03.2016 година околу 21.00 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак во блиската продавница и биле пресретнати од страна на засега непознато лице со безбол палка заедно со […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема тепачка во школо во Тетово – двајца избодени со ножеви

Крвав инцидент во Тетово се случил  во дворот на тетовската гимназија „7 Март“ кога двајца 19 годишни лица од Тетово се здобиле со повреди. Полицијата информира дека во тепачката учествувале седум лица, двајца 19 годишници и петмина 18 годишници, сите од Тетово. По вербалната расправија меѓу двете групи, дошло до тепачка по што едно 19 […]

______________________________________________________________________________________________________

Усмртен пешак – возачот избегал па сам се пријавил во полиција

Вчеравечер околу 22,00 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на „Уларска раскрсница“, Б.П.(35) од Кочани управувајќи возило „пежо 206“ со штипски регистарски ознаки удрил во пешак и го напуштил местото на настанот. Пешакот од здобиените повреди починал. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Штип во присуство на јавен обвинител. Подоцна, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнаа 16-годишна и 20-годишна девојка

Психолог во Домот „11-ти Октомври“ во Скопје, вчера пријавила дека на 2 март во 14.00 часот, шеснаесетгодишна корисничка на домот рекла дека ќе оди на училиште, но од училиштето добиле информација дека не посетила настава ниту на 2, ниту на 3 март. Во гостиварската полиција, пак, вчера 41-годишна тетовка пријавила дека вчер аоколу 03 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал во Тетово: Роднина на осуден го претепала обвинителот во судница

Во Основниот суд – Тетово, додека во постапка по предмет вчера се објавувала пресудата, едно од присутните лица во судницата извршило напад над надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. Осомничената, која била роднина на осуденото лице, вербално се заканувала на јавниот обвинител и физички го нападнала. […]

______________________________________________________________________________________________________

Пешак прегазен во Дебар маало се бори живот на KАРИЛ

Ноќва во 00.30 часот во Скопје на улицата „Орце Николов“ во Дебар маало се случила сообраќајна незгода, во која возило „Пежо 107“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29- годишниот А.Т. од Скопје, удрило во пешакот А.Н. (21) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Фатен на камера како краде телевизор од скопско кафуле

Кражба во скопско кафуле е уловена од сигурносните камери. Ноќеска во „Ле Петит“ бил украден плазма-телевизорот, а крадецот е снимен како го извршува делото, објави Денешен

______________________________________________________________________________________________________

Oбвинение за скопјанецот кој со сатар се обиде да ја убие сопругата пред малолетното дете

Надлежен јавен обвинител поднесе обвинителен акт против четириесет и четири годишниот В.Д. од Скопје за сторено кривично дело Убиство (во обид). Обвинетиот се товари дека на 03.01.2016 година ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки животозагрозувачки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок […]

______________________________________________________________________________________________________

Битолчанец крвнички го претепал своето дете

Битолчанец го малтретирал и го тепал своето 12 годишно дете, соопшти полицијата. Според истиот извор, СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Џ. (36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „запуштање и малтретирање на дете“ и „телесна повреда“. Пријавениот го запуштил, малтретирал и тепал своето дванаесетгодишно дете. На 03 февруари во […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Тетово: 4 лица нападнале и избоделе 13 годишно девојче

Крвава драма се одвивала во Тетово. Околу 19 часот и 40 минути во Клиниката во Тетово било донесено 13-годишно девојче од селото Милетино, со убодна рана во стомакот. Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено итно на Ургентен. девојче на возраст од 13 години било со убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот, по што […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнале скопјанка и тетовка

Двајца мажи, од Тетово и од Скопје, пријавиле дека изчезнале нивните сопруги. 27-годишниот С.Б. од Тетово пријавил дека на 24 февруари од домот во непознат правец се оддалечила неговата 22-годишна сопруга. Во полициската станица Гази Баба во Скопје, С.К.(36), пријавил дека во петокот од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Ш.К.(24). МВР соопшти […]

______________________________________________________________________________________________________

20 годишна девојка почина – лекарите од Градска не успеале да ја спасат

Од ГОБ „Св.Наум Охридски“-Скопје во полиција, вчера после 13 часот било пријавено било дека кај нив околу 10 часот била донесена 20-годишна девојка од Скопје во тешка здравствена состојба откако се обидела да изврши самоубиство со бесење. Девојката починала во Градската болница, по неуспешна реанимација, а по наредба на ЈО телото на починатата е предадено […]

______________________________________________________________________________________________________

Штитеничка во Домот за деца без родители паднала од четври кат

Штитеничка во Домот за деца без родители „25-ти Мај“, вчера паднала од 4 кат, поради засега неразјаснети околности, соопшти МВР. Девојчето на возраст од 14 години со возило на Итната помош било пренесено во болница каде било констатирано дека има тешки телесни повреди.

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода – еден повреден

Автомобил со голема брзина утрово удрил во бандера кај Даре Џамбаз во Кисела Вода при што се запалило возилото, објави Сител. На местото интервенирала противпожарно возило, а возачот со возило на Итната помош е префрлен во болница. Се уште не е познат идентитетот и здравствената состојба на повредениот возач.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1