Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Пешак во кома по сообраќајна незгода во Битола

Вчеравечер во 21.50 часот во Битола на крстосницата од ул. „Македонски Гемиџии“ и ул. „Даме Груев“, се случила сообраќајна незгода во која возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. (55) од Битола, удрило во пешакот Љ.М. (55) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.М., кому му е […]

______________________________________________________________________________________________________

Потрага по две девојчиња од Скопје – на возраст од 13 и 17 години

Социјален работник во Домот „25 ти Мај“, вчера во полициската станица во Чаир пријавил дека во петокот од домот во непознат правец се одалечиле две нивни штитенички на возраст од 17 и 13 години. МВР соопшти дека се превземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите девојчиња.

______________________________________________________________________________________________________

Возилото удрило и се превртувало: Детали за несреќата во која почина 5 годишно дете

Страшна несреќа видендов ја потресе македонската јавност. Во 14 часот и 50 минути на патот Прилеп-Градско, пред крстосницата за селото Дреново, се случи сообраќајка во која Форд Фиеста со велешка регистрација со која управувал 42-годишниот С.Д. од Демир Капија, изгубила контрола, удрила во брегот од десната страна и се превртела. За жал, на лице место […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за страшната сообраќајка на Илинденска

Едно лице е тешко повредено, но во стабилна состојба по вчерашната сообраќајна несреќа на раскрсницата со „Илинден“ и „8 Септември“. Како што е познато, до несреќата дошло при судир на „Ровер“ управуван од С.Н. (49) и „Сеат Алтеа“ со која управувал Л.И. Во несреќата тешко повреден е возачот на Роверот кој бил пренесен во Ургентниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Средношколец прегазен во Центарот на Скопје

Шеснаесет годишно момче е тешко повредено откако синоќа околу 2 часот во него удрил автомобил „Матиз“, на улицата „11 Октомври“. Автомобилот управуван од Д.Т. (30) удрил во момчето. Поради тешките повреди истиот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување. Неофицијално момчето се здобило со фрактура на черепот.

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка вечерва – во прекин сообраќајот на патот Скопје-Куманово

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај село Никуштак, од 18:40 часот вечерва сообраќајот е во прекин во двата правца, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Телото на починатиот возач кој удри во мостот „Гоце Делчев“ дадено на обдукција

Шеесет и едно годишниот скопјанец Борис С. е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајка несреќа која се случи на мостот „Гоце Делчев“. Од полицијата денес информираат дека во несреќата учествувале „Цитроен“ кој го управувал Ф.Т.(29) и „Фиат Пунто“ управувано од Борис кој починал на лице место. По ударот со Цитроен, Фиатот ја проби […]

______________________________________________________________________________________________________

Петгодишно девојче загина во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура, потврди Итната медицинска помош во Кавадарци. – Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на […]

______________________________________________________________________________________________________

Од свеќа им експлодирало купатилото

Пожар од свеќа настанал во станот на И.Т. на Васко Карангелевски во Битола вчера околу 14 часот. Како што објаснуваат од МВР, од запалена свеќа која била поставена на машина за перење се запалил држач на кој биле поставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за астма, по што дошло до експлозија во купатилото. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео од сообраќајката на мостот Гоце Делчев – возачот загина, сопругата не е повредена

Несреќа на мостот “Гоце Делчев “. Почина маж на 61 година. Автомобилот кој го управувал ја проби оградата и висеше над патеката покрај Вардар. Утринава пред 10 часот Пунтото се движело од Мавровка кон Владата и според неофицијалните информации на возачот одеднаш му се слошило, прво удрил во возилото пред него , па нагло свртел […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина возачот кој ја проби оградата на мостот „Гоце Делчев“

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, потврдуваат од СВР Скопје. Станува збор за возачот на излетаното „Фиат пунто“, на возраст од 60 години кој починал на лице место. Според полицијата, утринава во 9:50 часот, прво дошло до судир на автомобил „Фиат пунто“ и „Цитроен“, двете возила со скопски регистерски таблички, […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобил се заби во оградата на мостот „Гоце Делчев“ – возачот сѐ уште внатре

Се уште не се знае здравствената состојба на возачот, кој засега се уште се наоѓа во автомобилот, пишува Република. „Фиат пунто“ се заби во мостот „Гоце Делчев“ и ја проби оградата. Тешката сообраќајна несреќа се случи предмалку во центарот на Скопје. Брзата помош и екипи на противпожарните бригади пристигнаа на мостот и работат на извлекување […]

______________________________________________________________________________________________________

Таксист претепан во скопски Аеродром – има ли поврзаност со смртта на Стефани?

Педесет и три годишниот Ј.С. од Скопје на 9-ти рано утрината околу 4:30 часот бил физички нападнат. Од полицијата информираат дека на ул. Коста Новаковиќ, додека симнувал патник од такси возилото, Ј.С.бил физички нападнат од 39-годишниот А.З. од Скопје. -Истиот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка утрово кај Симпо – Има повредени

Сообраќајна несреќа се случи утрината на булеварот „Партизански Одреди“ спроти Симпо. Како што информираат од полицијата во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „Опел“ со скопски регистерски ознаки и автобус на ЈСП. До овој момент нема пријава за повредени лица. Полицијата е излезена на местото на несреќата и врши увид

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка во Скопје – Средношколец со скршена вилица

Шеснаесетгодишно момче од скопско Батинци, ученик во средното Угостителско училиште “Лазар Танев“, вчера било донесено со повреди на Максиофацијална хирургија. Полицијата информира дека момчето физички било нападнато од соученик и соселанец во непосредна близина на училиштето, при што му биле нанесени тешки повреди (скршеница на вилица). Истиот е задржан за понатамошно лекување. СВР Скопје превзема […]

______________________________________________________________________________________________________

На Табановце фатен силувач од Србија

Вчера во 12.25 часот во полициската станица на ГП Табановце, при пасошка контрола констатирано е дека В.К. (54) од Р.Србија евидира на СТОП-Листа и се бара за кривично дело „силување“. Истиот е лишен од слобода и во 13.35 часот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

______________________________________________________________________________________________________

Швеѓанка нападната и ограбена во близина на МВР

Непознато лице вчера попладне извршило разбојништво над 32 годишната В.Х.Ј.К. од Шведска Инцидентот се случил на ул. „50-та Дивизија“ во близина на МВР, кога на жената и бил одземен мобилниот телефон. -Додека истата седела на клупа и пришло непознатото лице, ја фатило за рамото и го одзел мобилниот телефон, по што побегнал, информираат од полицијата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостиварец грабнат, претепан и ограбен, завршил на улица

Педесет и едногодишниот гостиварец А.А, вчера околу 22 часот и 45 минути бил пронајден на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар легнат на асфалтната површина, со видливи повреди на главата. Го пронашле двајца минувачи, веднаш повикале Брза помош и го пренеле во Ургентното одделение на гостиварската болница, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Според неговото […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1