Archive | Црна хроника RSS feed for this section

ФОТО: Тешка сообраќајка во Скопје – со возилото влетал во излог кај Тифани.

Утрово околу 5 часот на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ со „ВМРО“ , кај зградата позната како Тифани во Скопје се случила сообраќајна несреќа при што едно лице е тешко повредено. Сообраќајката се случила кога возило „Волксфаген“ со гостиварски регистарски таблици управувано од М.А. 1988 година влетало во излог од продавница од засега непознати причини […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгоре автомобил во Скопје – двa други оштетени

Возило „Фолксваген Туаран“  изгорело синоќа, околу 21:00 часот во Скопје. Според МВР на улицата МетодијаМитевски“ од засега непознати причини било опожарено и целосно изгорело возилото кое имало скопски регистарски ознаки ,сопственост на А.С.(49). Биле оштетени и возила „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки сопственост на В.П.(64) од Скопје и ПМВ „Форд Фиеста“ сопственост на Б.П.(46) […]

______________________________________________________________________________________________________

Американец претепал скопјанец

Вчера три часа по полноќ  на улица „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат М.А.(32) од Скопје.   По преземени мерки во Полициска станица бил приведен  Д.Б.М.(27) државјанин на САД поради постоење сомнение дека е сторител на физичкиот напад. По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна девојче од домот „Ранка Милановиќ“

Полицијата трага по 19 годишно девојче, кое е пријаво дека исчезнало од домот „Ранка Милановиќ“ и заминало во непознат правец. Станува збор за Ф.Ј. од Струмица. Таа вчера пред 18.30 часот излегла од домот и не се вратила.

______________________________________________________________________________________________________

Масовна тепачка во Ѓорче – се тепале за девојка

Вчера околу 10 часот изутрината во Полициска станица во Ѓорче Петров било пријавено дека во  средното училиште „Кочо Рацин“, избила тепачка помеѓу две поголеми групи на лица.  Од една страна во нарушувањето учествувале М.Р.(48), Б.С.(17), М.А.(18), Р.А.(15) И М.А.(16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И.(18), Е.Н.(15), С.Ј.(17), С.Ј(18) и А.Б. сите од Скопје. Тие […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Сообраќајна несреќа на Првомајска во Скопје

На булеварот „Борис Трајковски“ поранешна „Првомајска“ на семафорите кај Супер Тинекс, вчера околу 20:00 часот се случи тешка сообраќајна несреќа, јави А1он. Во неа учествуваа две возила, едното марка Рено Сеник, а второто Шкода Октавија – нема информаци за повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Гинеколог осуден на две години затвор – земал мито

Гинекологот Марјан Стојовски кој беше раководител на операционите сали на Клиниката за гинеколгија и акушерство е осуден на две години затвор за примање поткуп и изречена му е забрана за вршење на професијата во траење од една година од денот на праводилноста на пресудата, соопшти Основниот суд Скопје 1. Ова е втора пресуда за гинекологот […]

______________________________________________________________________________________________________

Печалбарите од Кичево ги убил албанец – ги мачел додека не кажале каде се парите

Во доцните ноќни часови со скроен план упаднал во домот на 70 годишните печалбари од САД во кичевското село Србица.  Ги врзал со алиштата кои му дошле при рака и ги измачувал додека не признале каде се парите и златото. Сопружниците починале, а тој побегнал со пленот вреден 12 илјади долари и семејниот златен накит, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во ТЦ Буњаковец

Пожар избувнал утринава околу седум часот во угостителскиот објект „Ани“, поранешен „Барон“, во трговскиот центар Буњаковец. Од МВР за Нетпрес велат дека огнените јазли на пожарот кој избил од засега непознати причини, ги зафатиле влезната врата и дел од внатрешноста на објектот. Пожарот бил веднаш локализиран, а за среќа повредени нема.

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Тетово: Претепани жена и полицаец

Во полициската станица во Тетово синоќа е пријавено дека во УО„Теуш“ на ул.„ЈНА“ од страна на Т.Ф.(52) физички било нападнато женско лице. Потоа од страна на полициски службеници е излезено на место на настанот, каде пред објектот бил забележан Џ.С.(40) од Тетово кој започнал недолично да се однесува кон полициските службеници. Тој им упатил навредливи […]

______________________________________________________________________________________________________

Два автомобили прегазиле петтоодделенка додека се враќала од училиште

Единаесетгодишната Фјола С. (11) од Арачиново загинала кога била прегазена од два автомобила додека се враќала од училиште, завчера во Арачиново. Од добиените повреди девојчето починало на пат кон Градската болница во Скопје. Сообраќајната несреќа се случила во 16.40 часот во близина на мостот од каналот што поминува кај селото. По завршувањето на часовите во […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор кај Велес: Маж прегазен пред бремената сопруга, возачот избегал

Возач на автомобил по кој трага полицијата тешко го повреди триесет и три годишниот И.Т од село Ваташа, вчера попладне околу 16 и 30 часот на локалниот пат Велес – Градско, кога го удри и избега од местото на несреќата, јавува локалниот портал Дума.мк. И.Т го управувал неговиот автомобил, марка „Форд“ со прилепски регистерски таблички […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови детали за трагедија во Арачиново

Несреќата се случила во 16.50 часот на улица 1 во Арачиново во близина на новото основно училиште Скендербег кога два автомобили марка голф и пасат се удриле. Девојчето родено во 2003-та година било дел од сообраќајната несреќа како пешак и во сударот било тешко повредено. Веднаш е однесено во градската општа болница во Скопје каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија: Загина 3- годишно девојче – згазено од автомобил кај Арачиново

Попладнево се случила сообраќајна несреќа меѓу два автомобили во Арачиново, објави „Канал 5“.   Автомобилите на влезот од селото удриле во малото девојче кое иако било пренесено во градската општа болница и по интервенцијата на лекарите им подлегнало на повредите.

______________________________________________________________________________________________________

Се чешла Бит Пазар – Запленети 350.000 петарди

МВР на две импровизирани тезги на Бит Пазар заплени 350.000 парчиња разновидни петарди и пиротехничките средства.   Во близина на Железничка станица во Скопје пронајдени и одземени беа 20.000 парчиња пиротехнички средства, а од битолчанец кој допатувал во Скопје се одземени 25.000 парчиња пиротехнички средства. Во централното градско подрачје се одземени 1.500 парчиња пиротехнички средства, […]

______________________________________________________________________________________________________

Во пожар настрада струмичанка – спиела кога се запалила куќата

На 16.12.2014 година во 22,30 часот во с.Куклиш, струмичко, во долниот кат на куќа избувнал пожар во кој изгорел целиот кат.   Во пожарот како последица на труење со чад починала Еленка З.(60), која во моментот на пожарот спиела. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Од страна на ТППЕ Струмица пожарот е изгаснат. […]

______________________________________________________________________________________________________

Грк ја искршил рампата на граничниот премин Меџитлија

На 16.12.2014 година во 10,20 часот на ПС за ГП и ГН-Меџитлија на излез од Р.Македонија, грчкиот државјанин З.Г.(51) извршил оштетување на излезната рампа која е поставена пред царината со возило марка „Нисан-Пикап“ со грчки регистарски ознаки. По целосно документирање на случајот против истиот беше поднесено барање за поведување на прекршочна постапка по чл. 25, […]

______________________________________________________________________________________________________

Шлепер натоварен со автомобили излета кај Куманово

Во кумановското село Љубодраг, вчеравечер, најверојатно поради густата магла и слабата видливост, шлепер натоварен со возила, излетал од патот, при што како што кажуваат граѓаните, половина од шлеперот бил пропаднат во дупка, а другата половина останала на патот.   Кумановското село Љубодраг се наоѓа на стариот пат за Скопје, и многу често, овде поминуваат тешки […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1