29/10/2013 12:09
•
Posted by: MK News
Двегодишно девојче од тетовското село Брвеница е повредено во тешка сообраќајка што се случи утрово околу 9 часот на влезот од селото. Автомобил „Лада”со тетовски регистарски таблички управуван од 58-годишниот С.С. од Брвеница удрил во 50-годишната баба која со двете внуки се движела во спротивна насока, пренесува Кајгана.мк. Најсериозно е повредено двегодишното девојче кое било […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2013 22:47
•
Posted by: MK News
Група од пет до шест лица вечерва околу 19 и 30 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје физички го нападнале 15-годишниот В.Б од Кавадарци. Напаѓачите го удирале со клоци и тупаници по телото при што му се нанесени видливи повреди, соопштуваат од полицијата. Полицијата работи на расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2013 20:15
•
Posted by: MK News
Две девојки од Штип на возраст од 18 и 21 година вчера биле пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје, откако е откриено дека двете биле затруени. Помладата девојка испила голема количина на раствор од вештачко ѓубре, а постарата пак консумирала засега непознати медикаменти. Лекарите велат дека двете девојки откако биле примени в болница, биле […]
______________________________________________________________________________________________________
24/10/2013 11:46
•
Posted by: MK News
Пламени јазици го пеплосаа станот на 35 годишниот А.А. лоциран во скопската населба Аеродром. Пожарот избувнал вчера и зафатил дел од терасата и собите. По интервенција на противпожарната екипа, пожарот бил локализиран. За среќа, во пожарот нема повредени лица. Полицискиот увид треба да ги открие причините за избувнувањето на пожарот.
______________________________________________________________________________________________________
23/10/2013 13:20
•
Posted by: MK News
Според МВР вчера околу 19,00 часот во атарот на с.Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, З.Т.(43) од Велес извршил предизвикување општа опасност, така што откако претходно неговото ТМВ „Ман“ натоварено со песок а управувано од Л.Л.(54) од Велес било запрено од страна на полициски службеници, З.Т. спротивно на наредбите на полициските службеници влегол во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2013 15:30
•
Posted by: MK News
Камион удрил во жена која како пешак поминувала преку коловозот на булеварот „Никола Карев“ (позната и како пластичарска улица). Несреќата се случила во 12:20 часот кога камионот ја удрил жената додека ја поминувала улицата. Повредената жена е пренесена во болница, а од СВР Скопје немаа информации за тежината на повредите, јавува Канал 5. Сообраќајната полиција […]
______________________________________________________________________________________________________
22/10/2013 09:48
•
Posted by: MK News
Лицата С.П и И.Р на возраст од триесетина години, вчера ја грабнале 22 годишната С.Р од централната градската автобуска станица во Скопје Две машки лица лажно и се претставиле дека не се од Скопје, па млада скопјанка прифатила да ги прошета низ градот, но тие ја однеле накај Водно, пренесува Нетпрес. Според информациите од портпаролот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Српските државјанки М.Ѓ.(1987), С.Ј.(1981) и Д.М.(1972), синоќа биле затекнати во кафеаната „Милано“ во Струга. Тие биле во ангазамн на забава на гостите и работеле како пејачки. Полицијата информира дека трите Србинки билен приведени затоа што работеле спротивно на целта што ја навеле за престојот во земјава и затоа што го прекршиле Законот за странци. За […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2013 22:18
•
Posted by: MK News
Tешка сообраќајна несреќа на мостот „Гоце Делчев“, во центарот на Скопје, се случи ноќеска после 21 часот, јави телевизијата Алфа. Според првичните информации, едно дете е во критична состојба, откако било удрено од автомобил. Од Ургентниот центар за телевизијата изјавиле дека детето не е при свест и оти има скршеници по телото, но детални испитувања […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2013 13:08
•
Posted by: MK News
Ургентен Центар Скопје во вторникот пријави дека кај нив е донесено лицето Љ.Д.(65) од Скопје кој бил погоден од залутано зрно. По преземени мерки е утврдено дека истиот ден, околу 15:00 часот, на ул. „Солунска Глава“, додека Љ.Д. поставувал водоводни цевки во дворот од неговата куќа бил погоден од залутан проектил во пределот на рамото.
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2013 13:27
•
Posted by: MK News
Воз удри во пешак на пругата во близина на железничката станица Железара. Возот кој сообраќал од Кичево кон Скопје удрил во 32 – годишниот Е.Ј. Според МВР, скопјанецот имал потешки повреди и е пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Инцидентот се случил вчера во попладневните часови.
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 14:19
•
Posted by: MK News
56 годишниот Зоран Ѓ. загина, а двајца се повредени откако скокнале од камион во движење, натоварен со песок. Не се познати причините зошто тројцата – возачот и двајцата сопатници, скокнале од возилото, пренесува Канал5. Сообраќајната несреќа се случила на влезот во село Раштак, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според податоците на полицијата, до несреќата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 13:56
•
Posted by: MK News
Царинската управа во возило марка Опел Астра со грчки регистарски таблички, управувано од државјанин на Албанија открила цел ареснал огнено оружје. 8 автоматски пушки, 4964 куршуми за автоматска пушка, 20 рачни бомби кашикари, пиштол и 20 иницирачки каписли за рачна бомба – е вкупниот арсенал кој е пронајден. Осомничениот оружјето го украл од магацин во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 12:56
•
Posted by: MK News
Брачниот пар кои беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани се во критична состојба. Како што пренесе Канал 5, жената е префрлена на Хирургија и има повреди на главата, а нејзиниот сопруг е на Одделението за трауматологија. Девет лица се повредени во сообраќајката која се случи кај крстосницата за Чешиново. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 11:19
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а друго е тешко повредено откако товарно моторно возило „ТАМ“ со скопски регистарски таблички од засега непознати причини излетало од коловозот. Сообраќајната несреќа се случила на локалниот пат Црешево – Раштак, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според податоците на полицијата, до несреќата дошло откако камионот со скопски регистарски таблички од засега […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 21:35
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип – Коачни. Се судриле комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички. 9 лица се повредени од кои двајца потешко и се пренесени во ургентниот центар во Скопје. На местото на несреќата во тек е увид. Сообраќајот е пренасочен преку село Борилчево.
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 14:19
•
Posted by: MK News
Непознат сторител, во периодот од 10 до 12 октомври од просториите на управата за јавни приходи (УЈП ) и УИПР украл ЛЦД монитор и две куќишта од компјутер, со што причинил материјална штета од околу 18.000 денари. Крадецот, како што соопштија од полицијата, прво го скршил стаклото од прозорецот на бараката, влегол внатре и од […]
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2013 16:02
•
Posted by: MK News
Денеска околу 13 часот во близина на браната во атарот на селото Габрово во Гевгелија, се случила трагедија, при што настрадал 58-годишниот Ванчо Г. Тој бил на лов заедно со други ловџии, на земјата забележал змија при што ја удрил со кундакот од својата пушка за да ја усмрти, но пушката во тој момент пукнала […]
______________________________________________________________________________________________________